Користете ги предметите во домот и уште 4 совети за ефикасно вежбање во домашни услови

Одвојте место само за вежбање, направете си план и наместо да купувате опрема, искористете ги предметите што веќе ги имате во домот.

koristete-gi-predmetite-vo-domot-i-ushte-4-soveti-za-efikasno-vezhbanje-vo-domashni-uslovi-01.jpg

Не секој има време за во теретана, но ова не треба да биде изговор за запоставување на физичката активност.

Во ера каде што сите минуваме голем дел од времето во седење, вежбањето станува поважно од кога било и за физичкото, и за менталното здравје.

Ако немате време или можности за во теретана, вежбањето дома може да биде исто ефикасно, само ќе треба да обрнете внимание на неколку ситници.

Совети за ефикасно вежбање во домашни услови:

Направете си катче за вежбање

Многу полесно ќе се натерате да вежбате ако имате одвоено дел од домот само за таа намена.

Ако имате соба што може да ви служи и како домашна теретана, направете простор во неа и таму ставете ги теговите, простирката или што било друго што ќе користите за време на вежбање.

Потрудете се оваа просторија секогаш да биде средена за да не се обесхрабрите од нередот во неа.

Ако немате цела просторија, одвојте еден дел од дневната, спалната или која било соба, кој ќе ви биде само за вежбање.

Овде ставете ги сите реквизити што планирате да ги користите и потрудете се тој дел од домот секогаш да биде среден.

koristete-gi-predmetite-vo-domot-i-ushte-4-soveti-za-efikasno-vezhbanje-vo-domashni-uslovi-02.jpg

Организирајте си го времето и направете план за вежбање

Размислете во кои денови од неделата имате најмногу време за вежбање, како и колку долго ќе ви траат тренинзите. Потоа направете си план за вежбање.

Ако сте почетник, прво правете полесни вежби со помалку повторувања, па постепено зголемувајте ги интензитетот и тежината на вежбите.

Кога го правите планот, вклучете по барем 3 вежби од следниве категории:

  • Вежби за рамнотежа
  • Кардио вежби
  • Вежби со тежина
  • Вежби за флексибилност и истегнување

koristete-gi-predmetite-vo-domot-i-ushte-4-soveti-za-efikasno-vezhbanje-vo-domashni-uslovi-03.jpg

Искористете ги предметите што ги имате во домот

Нема потреба да давате пари за справи за вежбање бидејќи постојат многу вежби за кои не ви треба апсолутно никаква опрема.

Истовремено, можете да ги искористите предметите што веќе ги имате, како на пример:

  • Пластичните шишиња полни вода се одлична замена за тегови
  • Големите крпи можат да ви служат како простирка за вежбање
  • Искористете ги столовите како клупа за вежбање

koristete-gi-predmetite-vo-domot-i-ushte-4-soveti-za-efikasno-vezhbanje-vo-domashni-uslovi-04.jpg

Домашната теретана секогаш нека биде чиста

Ако сакате да вежбате, но просторот за оваа намена ви е расфрлан и треба да го чистите, голема е веројатноста да се откажете.

Затоа, потрудете се ова катче од домот секогаш да ви биде средено. Исто така, редовно чистете ги реквизитите за вежбање.

Можете да ги исчистите теговите и простирката со мешавина од оцет, вода и средство за миење садови. Доволно е само да ги напрскате и да ги пребришете со мека крпа.

Имајте на ум дека одвреме-навреме ќе треба и потемелно да ја исчистите простирката – можете да ја накиснете во када со средство за миење садови, исплакнете ја и оставете ја да се исуши.

koristete-gi-predmetite-vo-domot-i-ushte-4-soveti-za-efikasno-vezhbanje-vo-domashni-uslovi-05.jpg

Користете видеа за вежбање

Ако сметате дека не можете сами да направите ефикасен план за вежбање или ви е страв дека ќе се повредите од некои вежби, секогаш можете да го искористите интернетот.

Денес постојат безброј видеа со тренинзи за сечии способности и можности, па сигурно ќе најдете нешто што ви одговара вам.

Прочитајте повеќе: Најчестите грешки при вежбање што би требало да ги избегнувате

koristete-gi-predmetite-vo-domot-i-ushte-4-soveti-za-efikasno-vezhbanje-vo-domashni-uslovi-06.jpg

8 вежби за целото тело за кои ви треба само обична крпа

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg