Кои се најзначајни сличности и разлики меѓу контролингот и интерната ревизија?

nelikvidnost-kontrolorski-pregled-na-nelikvidnosta-povekjeИнтерната ревизија може да се следи преку три основни сегменти – како финансиска ревизија, оперативна ревизија и управната ревизија.


Постои формална организациска структура и одбор за управна ревизија.

Внатрешната ревизија претставува дополнителен надзор, а основен критериум според кои се раководи се целите и политиките на компанијата кои се во согласност со стандардите за ревизија, односно законските прописи. Покрај тоа, во процесот за спроведување на интерната ревизија, ревизорот е воден од професионалниот кодекс на однесување и правилата на одборот за интерна ревизија.

Процесот се одвива според однапред утврдени фази кои започнуваат со планирање на интерната ревизија, испитување и собирање на информации, а завршуваат со комплетна анализа и известување. Резултатите се презентираат во точно дефинирана форма и се карактеризираат со објективност, концизност и јасност со акцент на предложените решенија.

Внатрешната ревизија се разви во десна рака на менаџментот на компанијата и низ својот развој прибира и сосема други податоци и информации за изработка на поквалитетни извештаи за сите кои преземаат претприемачки потфати.

Денес интерната ревизија претставува функција на компанијата која објективно и независно им помага на компаниите при остварувањето на целите и задачите и настојува да го подобри целокупниот перформанс на компанијата. Секоја компанија самостојно ги дефинира сопствените цели, а интерната ревизија во согласност со потребите на компанијата проценува дали се отстранети или минимизирани ризиците кои резултираат во лош перформанс. Интерната ревизија ја оценува ефикасноста на управувањето со ризикот, контролира и советува.

Паралелно со развојот на интерната ревизија и информатичката технологија, се развива и контролингот. Иако неговите цели и задачи се многу слични со интерната ревизија,  помеѓу овие два термини постои значителна разлика. Контролингот нема формална организациска структура, не постои тело кое го надгледува работењето на контролите, секоја компанија го одредува начинот на контролирање според сопствените потреби, не постојат контролорски стандарди и стандардизирани контролорски извештаи. Целите на контролингот се однесуваат на мерење на ефектот и ефикасноста на работењето, успехот или неуспехот на пазарот, задоволството на клиентите, испитување на објективноста и реалната слика на финансиските извештаи и надзор над спроведување на законодавството.

Контролингот е целосно независно тело задолжено за следење на квалитативните и квантитативните перформанси на компанијата и примена на разновидни методи за детектирање на состојбата и трендовите, како би можело навремено да се открие евентуалното намалување на ефективноста и ефикасноста преку користење на разновидни симулациски инструменити за прогнозирање на можни сценарија за подобрување. Постои разлика и помеѓу позицијата на интерниот ревизор и на контролорот во компанијата. Интерните ревизори многупати настапуваат критички при оценување на предметот на ревизија, ги испитуваат вработените, инспекција, набљудување, докажуваат постојани неправилности, спречуваат евентуална злоупотреба, со што директно помагаат и  соработуваат со екстерната ревизија.

Од друга страна, контролингот не е оптоварен со пронаоѓање и докажување на некоја евентуална вина, туку едноставно ги мери ефектите од погрешните бизнис одлуки. Покрај квантитативните податоци, интерната ревизија многу повеќе се потпира на квалитативните податоци и на тој начин му помага на менаџментот при донесување на бизнис одлуки.

Автор: Јасмина Очко,

еден од највлијателните хрватски консултанти во областа на контролинг, менаџерско сметководство, управување со трошоци, планирање и буџетирање

Предавач на "Конференцијата за финансиски контролинг"

nelikvidnost-kontrolorski-pregled-na-nelikvidnosta

www.konferencii.com

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg