Прашања кои моќните и успешни луѓе си ги поставуваат секој ден

Се имате ли запрашано зошто моќните и успешни луѓе не ја губат својата моќ и се задоволни личности, исполнети со голема самодоверба? Тоа е така бидејќи секојдневно си поставуваат прашања кои се клучни за нивниот успех и прогрес.

prasanja-koi-moknite-i-uspesni-lugje-si-gi-postavuvaat-sekoj-den-01

Доколку си ги поставувате и вие, најверојатно спаѓате во нив.

На што треба да сум фокусиран денес?

Ова е многу важно прашање бидејќи потребно е вашиот фокус секој ден да е насочен правилно.

Тоа го практикуваат успешните и моќни луѓе. Тие најчесто се фокусирани на својот успех, затоа се и успешни.

Кое постигнување сакам да го постигнам следно?

Сте ја постигнале посакуваната цел која го задоволила вашето его, но не се стремите кон нешто повеќе? Тоа не е одликата на успешните луѓе.

Тие секој ден сакаат да постигнуваат нешто ново и интересно кое ќе им донесе повеќе финансиски капитал и моќ.

Кои навики треба да ги откажам?

Дали пушењето влијае врз моето здравје и буџет? Треба ли да се однесувам подобро? Дали кафето е добро за моето здравје?

Успешните луѓе секогаш внимаваат на својот имиџ, репутација и здравје. Тие се во состојба се да ги откажат сите пороци или навики кои можат да им го нарушат правилниот ритам на живот.

Од кои грешки можам да извлечам поука и дали сакам да правам нови грешки?

Секогаш се свесни за своите грешки и секогаш учат од нив. Исто така одлучуваат да прават нови грешки, бидејќи искуството е најдобар учител како да се стигне до успехот и моќта.

prasanja-koi-moknite-i-uspesni-lugje-si-gi-postavuvaat-sekoj-den-1.jpg

Дали стојам добро со здравјето?

Тие секогаш се загрижени за своето здравје. Бидејќи се успешни, се плашат од болести на кои би можеле да го потрошат своето богатство за лекување.

Иако се работи за обична настинка, тие веднаш се појавуваат на вратата на својот лекар.

Дали сè уште сум на правилниот пат?

Многу е важно доколку сте успешни да го помните патот кој ве донел до успехот. Останете на тој пат за да бидете задоволна личност која не скршнала од него.

Дали крајната цел ми е сè уште важна како што ми беше вчера?

Во суштина, дали тоа што го сакавте вчера, го сакате и денес со истиот жар е многу важно.

Тоа е така бидејќи доколку сте наумиле крајна цел различна од вчерашната, нема потреба да се стремите кон остварување на нешто што не ве интересира повеќе.

Што се прашувате вие секој ден? 

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg