Инспирирајте се за полесно завршување на учебната година

Како што времето сè повеќе се стоплува, а деновите се прекрасни за долги прошетки, така со сигурност сѐ помалку имате желба за учење.

inspirirajte-se-za-polesno-zavrshuvanje-na-ucebnata-godina-1-

Учебната годината е пред самиот крај, издржете уште малку, а во тоа ќе ви помогнат и овие цитати.

Инспирирајте се од овие моќни цитати и помислете на сите бенефиции кои ги добивате додека се образувате:

„Образованието е најмоќното оружје кое можете да го употребите за да го промените светот”- Нелсон Мандела

Можеби сега образованието не ви се чини како такво, но со сигурност во иднина ќе сфатите колку навистина е потребно. Колку повеќе вложувате во себе, толку повеќе ќе можете да владеете со себе и останатите.


„Дозволете да ви ја кажам тајната на мојот успех: Мојата сила лежи во мојата издржливост”
Луј Пастер

Морате да се потсетувате себеси дека сте издржливи и никогаш не се предавајте. Најлесно е да кажете дека нешто не можете да направите, но обидете се да тргнете по спротивниот пат и докажете си себеси дека вие сте навистина издржлива личност.


„Корените на знаењето се горчливи, но овошјето е слатко”
Аристотел

Многу датуми, секојдневни полагања, семинарски трудови... и започнувате да си го губите здивот и сонот од премногу размислувања. Можеби сега е така, но верувајте на крајот сепак ќе вреди за сета мака.

inspirirajte-se-za-polesno-zavrshuvanje-na-ucebnata-godina-2-

„Трагедијата во животот не лежи во неуспехот. Трагедијата во животот лежи во тоа воопшто да немате цели кои треба да ги остварите”- Бенџамин Мајс

Навистина е така, доколку имате цели кои треба да ги постигнете и ако во тоа не успеете, тука нема ништо трагично. Жално е доколку немате воопшто поставени цели ниту соништа. Ако е вашата цел да завршите со образованието и да дипломирате, бидете упорни и ќе го постигнете тоа.


„Образованието подразбира да чуете што било без да го изгубите вашето трпение или вашата самодоверба”
- Роберт Фрост

Со повеќе читање и знаење вие стекнувате поголема самодоверба. Ќе бидете секогаш чекор понапред од останатите и никогаш пред ништо нема да го губите вашето трпение.


„Учење без страст ја расипува меморијата и она што сте го научиле не останува во вас”
- Леонардо да Винчи

Секогаш одберете го она образование кое навистина посакувате да го учите. Учете со страст, а така ќе се заљубите и во она што ќе го работите во иднина. Тоа е најуспешниот рецепт за среќен и исполнет живот.  


Се надеваме дека барем малку успеавме да ве вратиме назад во колосек.

Како вие ја враќате желбата за учење пред самиот крај на учебната година?

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg