Пред 40-тата заработила 500 милиони долари и има неколку деловни совети за вас

Мариса Мајер е познатата дама и деловна жена која пред својата 40-та успеала да заработи повеќе од 500 милиони долари и во својата книга ги открива тајните на нејзиниот успех.

pred-40-tata-zarabotila-500-milioni-dolari-i-ima-nekolku-delovni-soveti-za-vas-01.jpg

Како еден од првите членови на Google успева да и донесе на компанијата 300 милиони долари, но се одлучува да ја напушти и да стане извршен директор на Yahoo. Оваа компанија успева да ја спаси од сигурен колапс и да ѝ донесе 200 милиони долари.

1. Одберете ја најризичната можност

По дипломирањето на Универзитетот Стенфорд Мариса имала неколку можности. Можела да избира меѓу тоа да работи како обичен советник, предавач на Универзитеот Карнеги Мелон или да стане дел од компанија која сè уште била во својот зачеток.

Се одлучила за третата можност и не згрешила. Нејзиниот избор бил Google и била дел од 25-те вработени во тој период.


2. Запознајте ги вашите слабости

Нејзината прва работа во Google била како програмер за развивање на огласен систем. Со месеци се обидувала да направи некој чекор нанапред, но не успевала. Компанијата на крајот се одлучила таа задача да му ја даде на Џеф Дин.

Сакала и натаму да продолжи во оваа компанија, но знаела дека нема да остави никаков личен печат ако продолжи да работи како програмер. Морала да најде нов начин да им покаже на другите дека може да биде корисна.

pred-40-tata-zarabotila-500-milioni-dolari-i-ima-nekolku-delovni-soveti-za-vas-1.jpg

3. Препознајте ги проблемите на вашата компанија и предложете решение

Сфатила дека може најуспешна да биде во промовирањето на компанијата и развојот на маркетинг стратегиите.

Во тој период потпишала договор за три проекти со Лери Пејџ и станала менаџер на Google. Нејзина задача била да ги води програмите за обука на студентите со одлични технички вештини. Ги учела како да го искористат своето знаење и на тој начин стекнала реноме во својата компанија.


4. Слободно вмешајте се кога сте 100% сигурни дека имате добра идеја

Мариса не размислувала долго за тоа дали да понуди ново решение на компанијата за проблемите кои веќе биле решавани од страна на другите вработени во компанијата.

Стекнала непријатели во Google, но управата на компанијата премногу го ценела нејзиното знаење во компанијата. Водечките луѓе биле среќни кога таа ќе откриела ново решение, а тоа често се случувало. Донела милионски профити на својата компанија и станала ценета деловна жена.


5. Мора да знаете кога е доста

Нејзиниот успех во Google на многумина им пречел и на крајот завршила на пониско работно место со помала плата. Но и на тоа место вредно работела на креирање на апликацијата Google maps за Ајфон.

На крајот решила да го напушти Google и во времето кога Карол Барк, извршниот директор на Yahoo, бил отпуштен конкурирала токму за тоа работно место. Веднаш по вработувањето на компанијата ѝ обезбедила договор вреден 200 милиони долари.

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg