10 работни позиции кои можете да ги работите од дома

Пред лесниот пристап до интернетот единствените можности за работа од дома биле професии како учители, уметниици или занаетчии. Немаше многу потреба од писатели или веб дизајнери, но како технологијата се зголеми се отвори еден нов пазар на работа. Денес можете да седнете на компјутер и да работите од дома како хонорарци.

10-rabotini-pozicii-koi-mozete-da-gi-rabotite-od-doma

Ова се 10 најдобри работи кои можете да ги работите од дома:

1. Преведувач

Со над 180.000 писатели и преведувачи на интернет порталите, денес оваа професија може да ви донесе пари, доколку успеете да најдете добри вработувачи. Најчесто се бараат преводи од кинески, шпански, француски, германски и англиски јазик и обратно.


2. Уредник/лектор

Уредување на веб-страници, е-книги, итн. Во моментов постојат илјадници хонорарни уредници, а сé што ви е потребно е да имате добри граматички вештини.


3. Консултант

Бизнис, правни, веб и маркетингшките консултанти се прилично добро претставени во онлајн светот. Постои многу широк спектар на работните места во различни области, од оптимизација до ИТ.


4. Претставник за продажба

Онлајн пазарот за трговските претставници е прилично голем. Постојат над 8.000 претставници за продажба на oDesk.


5. Развивач на софтвер

Пазарот за развивачите на софтверот е огромен и постојано се зголемува. Постојат речиси 30.000 развивачи на софтвер на oDesk. Конкуренцијата е голема, но доколку имате искуство, не би требало да имате проблем да пронајдете соодветна работа преку интернет.


6. Веб дизајнер

Веб дизајн е моментално најпопуларната професија на интернет, бидејќи речиси сите луѓе кои работат со интернет имаат потреба од нив. Од мали онлајн продавници, веб-сајтови, блогови,  до големи компании.


7. Внесувач на податоци/статистичар

Внесување на податоци е работа која може да ви донесе многу пари. Не е комплицирано, а често се бара од компаниите.


8. Наставник

Можете да ги учите луѓето на различни предмети онлајн, од јазик до математика. Потребна ви е само добра интернет конекција, веб камера и некој вид на сертификат кој докажува дека сте квалификувани да ги учите.


9. Онлајн личен тренер

Ако сте искусни во одреден спорт и имате сертификат за работа, можете да се обидете да ги најдете своите клиенти онлајн.


10. Забавувач

Додавање видеа на YouTube никогаш не било полесно, уште кога би можеле да заработите од создавање на истите би било совршено. За среќа, ова не е невозможна мисија. Ако имате добра сума на знаење за одредена тема или сте смешни и креативни, можете да создадете популарен канал и да заработувате пари од реклами и евентуални спонзорски договори. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg