Како да ја добиете платата која ја сакате оваа година?

Ако сте во потрага по нова работа или напредување во кариерата, постојат неколку едноставни трикови за преговарање кои ќе ви помогнат да ја добиете платата која ја сакате.

kako-da-ja-dobiete-platata-koja-ja-sakate-ovaa-godina-01.jpg

Еве како да ја побарате платата која ја сакате без да ги навредите надредените:

1. Молчете додека не заврши целиот процес на интервјуирање

Дан Мартино, основач на компанијата „Martineau Recruiting Technology“ вели дека треба да избегнувате откривање на било какви детали за вашата плата додека не ве праша интервјуерот.

Ако ова прашање е поставено на почетокот на интервјуто, кандидатот може да ја наведе моменталната плата и побара во опсегот на веќе постоечката плата.


2. Дадете чуден, но екстремно прецизен број

Еден агент од Њујорк препорачува да употребите некоја чудна, но точна бројка кога преговарате. На пример, наместо да побарате 20.000 денари, можете да побарате 20.500 денари.

Малија Мејсон е главен истражувач на едно истражување направено од страна на списанието „The Journal of Experimental Social Psychology“ и таа ја поддржува оваа теорија дека треба да побарате некој чудна бројка.


3. Во ред е да дадете контрапонуда, но никогаш повеќе од еднаш

Откако ќе дадат предлог сума, повеќето компании очекуваат контрапонуда. Сепак, Еди Р. Колер III, извршен агент и партнер во компанијата „Koller Search Partners“, вели дека не треба да преговарате повеќе од еднаш.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg