Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Бидете најдобри во интервјуто за работа: 5 чекори кои ќе ви помогнат да се подготвите

Интевјуата за работа се забавни. Покана за интервју значи дека вашата апликација била доволно солидна, за да ви обезбеди средба со работодавецот, а тоа значи дека сте чекор поблиску до работата што ја посакувате.

bidete-najdobri-vo-intervjuto-za-rabota-5-cekori-koi-kje-vi-pomognat-da-se-podgotvite-01

Но, од друга страна, интервјуата се навистина стресни и напорни. Имате само одредено време да оставите добар впечаток и да докажете дека вие сте совршени за таа позиција. Доволен е само тој притисок, за да ви го забрза дишењето и пулсот.

Ако имате интервју и ви е потребна добра подготовка, тогаш следете ги овие 5 чекори:

1. Прегледајте го описот за работата

Уште пред да аплицирате за работата, сигурно добро сте го провериле описот и по него сте го напишале резимето. Но, добро е уште еднаш да го „скенирате“ пред да одите на интервју. Затоа, отпечатете го и со неонски маркер подвлечете ги најважните нешта. Идентификувајте ги клучните вештини и работни задачи кои ги бараат. Така, ќе ги знаете точните точки кои треба да ги нагласите за време на разговорот.

Уште една добра идеја е да направите листа на вашите силни страни и што можете вие да придонесете за компанијата.

Запомнете: интервјуто ви е шанса да се продадете себеси. Затоа, не само што сакате да бидете информирани за тоа што бара компанијата, туку сакате и да знаете како вие можете да ги исполните тие барања.

Доброто познавање на квалификациите е едно, но исто така мора соодветно да покажете дека навистина ги поседувате.

2. Истражете ја компанијата и човекот кој ве интервјуира

Сигурни сме дека овој совет постојано го слушате. Но, навистина МОРА да ја истражите фирмата пред да влезете во неа. За да оставите добар впечаток мора да бидете добро информирани.

Прегледајте го нивниот веб сајт и социјалните медиуми кои фирмата ги користи, за да се запознаете со нивната мисија.

Плус, осигурете се дека знаете точно што работи компанијата и зошто го прави тоа. Навлезете уште подлабоко, откривајќи ја нивната култура и пребарајте минати настани како проширување или лансирање на нов производ кои ги организирала компанијата.

Ова е одличен начин да започнете разговор, затоа што вака покажувате дека сте информирани и дека сакате да бидете дел од компанијата.

Трето и последно, откријте кој ќе ве интервјуира и слободно истражете ја таа личност. Која е нејзината улога во фирмата? Дали вие ќе работите директно со неа?

Истражете ги дури и секојдневни работи – можеби тој/таа сака да трча или е гурман. Ако знаете по нешто за личноста која ве интервјуира може многу да ви помогне – прво ќе ви ги смири нервите затоа што ќе се сетите дека и тој/таа е само човек. Второ, тие лични информации ќе ви дадат повеќе шанси да бидете запомнети, а и малку разговор ќе ви помогне да се соочите со стравовите.

3. Вежбајте ги одговорите

Сигурно зборот „вежба“ ви е асоцијација за тоа како седите пред огледало додека се трудите да ја извежбате вашата совршена професионална, а сепак пријателски настроена насмевка. Но, вежбање за интервју не мора да биде нешто комплексно. Вежбањето може да го направите така што ќе одговорите на следниве прашања:

  • Кои ви се најсилни страни?
  • Која е вашата најголема слабост?
  • Зошто ја сакате оваа работа?
  • Зошто треба токму вие да ја добиете?

Ако си ги одговорите овие прашања уште пред да одите на интервју, брзо и грациозно ќе можете да одговорите на поставеното прашање. Исто така, добро е да имате по некоја анегдота при рака за оние бихејвиористички интервју прашања. Знаете на кои мислиме - прашањата кои започнуваат со: „Кажи ми за моментот кога...“  Еве неколку примери кои би сакале да ги имате во ракав:

  • Момент кога сте решиле проблем.
  • Момент кога сте надминале некој голем предизвик.
  • Момент кога сте работеле со тим.
  • Момент кога сте биле добар водач.

Потребата да кажете „моментална“ приказна во интервју е доволно за стомакот да почне да ви се превртува. Затоа е добро да се подготвите и на тоа поле.

4. Направете „brainstorming” на вашите прашања

Како што досега кажавме, навистина е важно да вежбате за одговорите на прашањата кои можат да ви бидат поставени. Но, од друга страна, важно е и вие да подготвите прашања кои задолжително треба да го прашате вашиот работодавец. Нема ништо полошо од глува тишина кога ќе бидете прашани: „ Дали имате некакви прашања?“

Земете нотес и смислете неколку прашања кои би сакале да ги прашате. Дури иако немате такви, потрудете се да смислите барем две кои можете да ги искористите за да покажете интерес и посветеност кон позицијата и кон процесот на вработување.

Прашањата не мора да бидат којзнае какви, доволно е да бидат едноставни. Пример: „Како би ја опишале работната средина во компанијава?“

5. Дишете длабоко (Вие го можете ова!)

Сега откако целата подготовка е готова, време е да почнете да размислувате правилно и позитивно. Вечерта пред да одите на интервју, бидете сигурни дека сте ставиле сѐ што ви е потребно во чантата, сте избрале соодветна облека и добро осигурете се дека таа е чиста, испеглана и удобна.

Исто така, потврдете ја локацијата на интервјуто, како да стигнете дотаму и наместете сѐ останато што ви е потребно – како клучевите од автомобилот.

Пред време направете сѐ што треба за да бидете сигурни дека утрото ќе ви биде лесно и со што е можно помалку стрес. Вака ќе се појавите со висока самодоверба и ќе изгледате како средена личност.  

Интервјуата за работа се спој од возбуда и анксиозност. Но ако сте соодветно подготвени, тогаш можете да го редуцирате стресот и да го извадите максимумот од тоа искуство.

Следете ги овие 5 чекори и ви гарантираме дека ќе бидете експерт на вашето интервју.

Со среќа!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg