Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


7 вештини преку кои ќе се истакнете на работното место

Без разлика на тоа каква работа имате и какви се вашите колеги, постојат неколку вештини кои ќе ве претворат во личност со која секој сака да работи и соработува.

7-veshtini-preku-koi-kje-se-istaknete-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Кои се тие вештини?

1. Позитивен став

Позитивниот поглед на секоја задача и вербата дека можете нешто да направите, поправите, решите и подобрите, ќе ве претвори во позитивен соработник.

2. Снаодливост

Вештина која ќе ве служи со години, без разлика на тоа дали се однесува на завршувањето на секојдневните обврски или при решавањето на неочекуваните проблеми.

3. Комуникација

Ако работите со неколку луѓе во тим, важно е јасно и редовно да давате извештај за завршените обврски преку кој и другите членови од групата ќе знаат каде и како да продолжат при извршувањето на активностите.

4. Размислувајте однапред

Внимавањето на деталите и размислувањето за тоа што работите не само што ќе ве направи попродуктивни, туку и ќе ви даде можност да погледнете во иднината и однапред да се подготвите.

5. Не споделувате приватни информации

За себе, за вашиот шеф, за колегите... По ниту една цена.

6. Не поставувајте непотребни прашања

Добро истражете го проектот кој ви е зададен, а потоа ако имате нејасни работи поставувајте прашања.

7. Бидете прецизни во работата

Завршувајте ги задачите брзо и прецизно, создадете си еден работен ритам по ваша мерка и запознајте ги колегите со истиот. Така не само што ќе го извлечете максимумот од вашиот работен ден, туку и ќе бидете попродуктивни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg