Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Како да изгледате полни со самодоверба кога чувстувате дека тремата ве победила?

Огромна презентација во соба полна со импресивни и успешни луѓе, голем состанок со шефот, бизнис можност да добиете инвеститори за вашиот нов бизнис или настан полн со луѓе кои едвај чекате да ги запознаете...

kako-da-izgledate-polni-so-samodoverba-koga-chuvstvuvate-deka-tremata-ve-pobedila-001.jpg

Што е заедничкото во сите овие ситуации?

Прво, тоа се моменти во кои сакате да имате максимална доверба, но има еден мал проблем – ви се тресат колената, ви се потат рацете и премногу ви е страв. Се прашувате како воопшто ќе влезете кога не си ги чувствувате нозете.

Секако дека сакате да се претставите како кул, смирена и концизна личност. Но, одржување на ставата и довербата не е лесно кога устата ви е сува, а срцето ви работи толку силно како само да завршивте да трчате маратон.

Во ред. Смирете се сега. Дишете длабоко. Може да изгледате како да сте полни со самодоверба, иако умирате од страв.

Како?

Користете ги овие 3 совети и никој нема да знае дека се плашите и дека имате трема:

1. Самите одржете си охрабрувачки говор

Сите знаеме дека е премногу лесно да се обесхрабриме кога сме под притисок пред некоја тензична ситуација. Наместо да си кажете колку ќе „растурите“ вие почнувате да зборувате за сите ужасни нешта кои можат да тргнат наопаку.

Тоа значи дека е време да престанете негативно да мислите и самите да си одржите говор со кој ќе се охрабрите. Запомнете дека без разлика колку е страшна ситуацијата и колку страшно ви изгледаат луѓето, сите ние сме луѓе. Никој не е совршен и не е важно колку импресивни нешта направиле. Затоа не си создавајте притисок да бидете совршени. Навистина не е потребно.

Давањето самодоверба на себе е уште една одлична идеја пред да влезете во „опасна“ ситуација. Без разлика дали сакате да ги прочитате вашите препораки на LinkedIn или да се јавите на пријател или на вашата мајка, таквите нешта ја поттикнуваат самодовербата и неколку топли зборови ќе направат да се чувствувате посамоуверено.

2. Прашувајте

Додека овој совет не е баш добар за сите страшни ситуации, може да биде корисен во сценарија кои се базираат на говор. Просто кажано, кога се чувствувате исплашено тешко е да бидете добар говорник –токму поради тоа што мислите ви летаат низ главата со брзина на светлината и вашиот стомак постојано се превртува. Затоа, прашувањето е одличен начин да покажете дека сте заинтересирани и присутни без да треба многу да зборувате.

Да повториме: ова не е корисно во ситуации како интервјуа за работа или презентации. Но, кога станува збор за состаноци и настани, ова е ефективен метод за да се смирите.

3. Внимавајте на говорот на телото

Сигурно милион пати до сега сте чуле дека вашиот невербален говор кажува многу повеќе од зборовите. Може да имате одличен говор, но ако го кажувате додека ја гризете усната, се нишате напред-назад и гледате во земјата, вашето тело ќе пренесе поинаква порака.

Затоа, без разлика колку имате трема, трудете се да одржувате контакт со очите, да стоите со нозете раширени колку рамениците и наместо да правите  мали движења кон себеси, правете гестови со рацете настрана од вашето тело. И ако ситуацијата дозволува, задолжително насмевнете се. Не само што така изгледате посамоуверено, туку и попристапно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg