Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


5 причини да почнете да размислувате за промена на работното место

Професионалната работна определба освен што треба да ви обезбеди егзистенција, по некое непишано правило треба да ве исполни со чувство на самозадоволство и да рефлектира личност која ужива во надградбата со знаење и нови вештини, кога се работи за кариерата.

5-pricini-zosto-da-pocnete-da-razmisluvate-za-promena-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Но, неретко се случува да не чувствувате среќа и задоволство поради изборот на вашата професија, ниту пак особена финансиска сатисфакција и истата да претставува извор на стрес и напнатост.

Доколку сте ги почувствувале овие 5 знаци, тогаш е време да почнете да размислувате за евентуална промена на работното место.

1. Изборот не беше сосема ваш

Навистина е тешко да почувствувате искрена доза ентузијазам и енергија за професијата која ја работите, доколку не ви е по волја и ја вршите само затоа што морате да ги платите сметките.

Или пак можеби некој близок ви ја пронашол работата, а здравиот разум и доброто воспитување обично советуваат дека едноставно не можете да ја одбиете понудата.

Родителите вообичаено играат голема улога при изборот и прифаќањето на одредена работна позиција, а понекогаш ваквите одлуки се покажуваат како погрешни.

2. Вашата работа не ве предизвикува

Чувствувате како „затапувате“ и во суштина не учите ништо ново.

Тапкате во место и ја доживувате вашата работа како затвор или кафез, кој секојдневно ви носи нови фрустрации. Не напредувате во секој поглед, не чувствувате самонадградба, туку напротив, назадување.

 3. Не го поднесувате вашиот шеф

Да признаеме, малкумина се оние кои ги сакаат своите претпоставени на работното место. Но, сепак треба барем да бидеме во можност да ги толерираме до одредена нормална граница.

Доколку чувствувате како се гушите, постојано сте под притисок и стрес или можеби сте жртва на мобинг, дефинитивно е време за промена. Животот е прекраток за лоши шефови.

4. Колегите создаваат непријатна атмосфера

Половина од задоволството на работа го причинува работната средина и атмосферата за која придонесуваат колегите. А, вашите колеги ве тераат да си ја искубете косата.

Постојано смислувате нови и нови изговори како да ги откачите после работа или како да не се појавите на нечиј роденден. Едноставно, не си „кликате“ и нема ништо страшно во тоа, сè додека работата која ја извршувате зависи исклучиво од вас.

Но, доколку работите во тим, тогаш односите се заплеткуваат и вие неминовно сте несреќни и неисполнети со самата помисла дека треба да ја делите просторијата со тие луѓе 8 часа дневно, 5 дена во неделата.

5. Не заработувате доволно

Да бидеме искрени, сите горенаведени причини може донекаде да се занемарат или да се толерираат, сè додека заработувате солидно. Но, доколку цифрата на почетокот на секој месец на вашата банковна сметка ве фрла во депресија и покрај сиот ваш труд не можете да врзете крај со крај, време е за збогување со вашето старо биро.

Реалноста е дека ова е несигурно време, условите не секогаш и не секаде се идеални и навистина тешко се доаѓа до работа. Но, на крајот од денот, треба барем малку да уживате во она што го работите. Треба да се работи за да се живее, не обратно.

Но, доколку цврсто сте решени и соберете храброст за носење ваква голема одлука, животот може да ве изненади со многу позитивна промена и искуство.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg