5 работи кои паметните луѓе не ги откриваат на работното место

Вашето однесување и работите кои ги зборувате на работното место директно влијаат на правецот во кој ќе се движи вашата кариера.

5-raboti-koi-pametnite-luge-ne-gi-otkrivaat-na-rabotnoto-mesto-1.jpg

Ова се работите кои никогаш не треба да ги споделувате на вашето работно место:

Дека ја мразите вашата работа

Никој не сака неентузијастични играчи во тимот. Ако зборувате колку ја мразите вашата работа, веднаш ќе бидете етикетирани како нетимски играчи, и вашиот шеф сигурно нема да цени ако дознае или забележи дека ги демотивирате вашите колеги.

Колку пари заработувате

Темата за висината на платата може да разлути многу ваши колеги и да создаде непотребни проблеми на вашето работно место. Ако сите знаат колку заработувате, ќе ви судат за сè што правите за време на работа, и ќе си создадете притисок пред сите очи да бидете компетентни да ја заработувате платата која што ви следува.

Вашите политички ставови

Некои луѓе не ги интересира кои се вашите политички ставови, а кај некои тоа ќе влијае целосно да ја променат перцепцијата за вас. Најмалку што ви треба на работното место е да си создадете политички непријател. Кога не се согласувате за важни политички работи со вашите колеги, тоа може лесно да ескалира во конфликт после кој тешко ќе може да работите тимски.

Вашиот сексуален живот

Овие информации не ги засегаат колегите на вашето работно место. Има граници кои кога ќе ги преминете може да направите само вашите колеги да се чувстуваат неудобно. На ваков начин лесно може да си изградите лоша репутација.

Навредливи шеги

Никогаш не можете да знаете во целост какви верувања, обичаи и искуства имале луѓето со кои работите. Има шеги кои не се кажуваат на работното место заради тоа што може несвесно и лесно да ги навредите вашите колеги. Најчесто овие шеги не се ни смешни.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg