Еден неуспех не значи „крај на светот“, туку основа за нешто подобро

На сите во животот ни се случило да не успееме во нешто што сме го сакале. Но, тоа не нè прави неуспешни.

neuspehot-ne-znachi-deka-sme-neuspeshni-01.jpg

Сè е можно доколку веруваме и не се откажуваме. Сите успешни луѓе имаат повеќе падови, од успеси, но секогаш се издигаат после нивниот неуспех,и се трудат многу повеќе. Затоа и се успешни.

Неуспехот не значи дека сме очајни и изгубени. Значи дека сè уште не сме постигнале успех.

Неуспехот не значи дека сме се однесувале како неразумни или како будали. Значи дека сме биле полни со верба.

Неуспехот не значи дека не сме постигнале ништо. Значи дека сме научиле нешто.

Неуспехот не значи дека сме претрпеле разочарување. Значи дека сме биле подготвени да се обидеме да направиме нешто.

Неуспехот не значи дека сме го изгубиле својот живот. Значи дека имаме добри причини да почнеме одново.

Неуспехот не значи дека не сме способни за ништо. Значи дека треба да се обидеме да ги правиме работите на друг начин.

Неуспехот не значи дека нема да ги оствариме своите соништа. Значи дека ќе ги оствариме доколку веруваме и работиме на нив, па дури и да доцниме со нивниото остварување. Сепак, ќе ги оствариме.

Неуспехот не значи дека Бог не напуштил. Значи дека Бог има подобар план за нас.

Е. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg