7 особини по кои харизматичните луѓе се разликуваат од останатите

Најуспешните луѓе на светот обично се поврзуваат со атрибути како харизматичен, посебен, единствен...

7-osobini-po-koi-harizmaticnite-lugje-se-razlikuvaat-od-ostanatite-001.jpg

Она што ги прави такви е токму таа харизма, за која често, луѓето едноставно не можат да дадат конкретна дефиниција.

Професорот Вајсмен од Универзитетот во Хертфордшир во Велика Британија, објаснува дека харизмата е 50% вроденa, а 50% научена.

Клучната состојка на харизмата се едноставните постапки, кои со тек на време, стануваат дел од нашиот карактер, а ни овозможуваат успешен и богат социјален живот.

Ако сакате да поработите на својот карактер и да се приближите кон атрибутот харизматичен човек, обрнете внимание на следните особини:

1. Активно слушање

Во разговорот бидете активен слушател, поставувајте прашања и пружете му го на соговорникот вниманието кое го заслужува. не го проверувајте телефонот, не зевајте и не лутајте со мислите.

2. Јасно изразување

Размислете за сè што имате намера да кажете. Долгите монолози се заглушувачки и го губите вниманието на соговорникот. Кога се обраќате на група луѓе, кажете го само најважното, без премногу објаснувања.

7-osobini-po-koi-harizmaticnite-lugje-se-razlikuvaat-od-ostanatite-02

3. Смејте се однатре

Луѓето полесно му приоѓаат на некој за кој чувствуваат дека е позитивен, отколку на некој што е намуртен. Кога искрената насмевка го следи и позитивниот карактер, тоа сите го забележуваат и сакаат да бидат во кругот на таквите луѓе.

4. Стојте исправено

Добар став, правилно држење и високо подигната глава, оставаат впечаток на смиреност и самодоверба. Ако не се чувствувате така, пробајте да се преправате еден ден – тоа преправање на другите ќе им изгледа вистинито и ќе ви помогне да го задржите тој став и понатаму.

5. Одмерете ја секоја критика

Ако сте во ситуација да морате некого да критикувате, одмерете ги своите зборови и држете се до важното. Имајте на ум дека не е важно само она што ќе го кажете, туку голема улога игра и начинот на кој го правите тоа. Луѓето комуницираат не само со зборови, туку и со став и со мимики.

7-osobini-po-koi-harizmaticnite-lugje-se-razlikuvaat-od-ostanatite-03

6. Помнете имиња

При запознавање, добро е да го повторите името на лицето кое ви се претставило (и ментално да го поврзете со некоја карактеристика на личноста која сте ја забележале). Сите сакаат да го чујат своето име, особено ако ги врзува за некој позитивен атрибут. Луѓето тоа го паметат.

7. Контакт со очи

Во разговор контактот со очите е многу важен, бидејќи и на говорникот и на слушателот им дава низа на важни информации. Но, не претерувајте, „зјапањето“ во некого може да предизвика и контра ефект и целата комуникација за кратко време да стане незгодна и напната.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg