Трикови кои ќе ви помогнат да бидете максимално продуктивни

Денот има 24 часа, но понекогаш имаме чувство како времето буквално да лета.

trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-bidete-maksimalno-produktivni-01.jpg

Затоа е важно да ги искористите ефикасно часовите кои се пред вас во текот на секој ден.

Тоа се чини како посебно тешка задача, особено после викенд или одмор.

За да бидете попродуктивни, користете ги овие 5 трикови:

Вежбајте наутро

Навијте го алармот и направете утрински тренинг. Не мора да биде долг, но на тој начин ќе се чувствувате подобро и ќе бидете попродуктивни.

Распоредете кратки паузи во текот на работниот ден

Иако можеби не ви изгледа така, сепак паузите од по неколку минути се многу важни. Замижете и одморете ги очите или направете неколку вежби за истегнување и прошетајте наоколу.

Одредете 3 приоритети

Секако дека во текот на денот имате премногу обврски, но одредување на приоритетите ќе ви го олесни процесот. Секое утро запишете си ги 3-те најважни работи кои мора да ги завршите до крајот на денот.

Одвојте се од телефонот

Сѐ почесто стануваме несвесни за тоа колку време поминуваме во непотребно користење на телефонот. Освен ако не е нешто итно или деловна ситуација, ставете го телефонот некаде каде нема да ви биде на дофат на секоја минутка.

Бирајте слични комбинации за облекување

За да заштедите на време, во текот на работната недела бирајте си ги комбинациите за облекување, според иста „формула“. На пример, кошула, фармерки и ниски штикли. Така секогаш ќе знаете што точно да барате во плакарот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg