Како да го организирате работниот ден за максимална продуктивност?

Свесниот дел од вас веќе е навикнат на динамичните работни денови. Останува само уште да го научите и своето тело како соодветно да реагира на задачите.

kako-da-go-organizirate-rabotniot-den-za-maksimalna-produktivnost-01.jpg

Колку и да сакаме да одиме против себе, всушност самото наше тело има свој персонализиран циклус на заспивање, будење и соодветни активности во одреден дел од денот. Токму ова може да се искористи за создавање дневен распоред, час по час, за да ја искористите природната продуктивност.

Секако, следнава шема не е универзална за сите луѓе во светот, но е лесно прилагодлива.

Од утро до пладне

Во раните утрински часови, телото е најподготвено да ги следи рутините и да се води по агенди и распореди. Затоа и утрото е најдобриот период од денот за да применувате вежбање, за подобар старт на денот.

Доколку сепак не би го правеле ова наутро, а сакате да вежбате, тогаш најефикасно ќе трошите калории и масти пред да падне ноќта. Вежбањето додека уште има сонце секогаш е далеку поефикасно од вечерното.

Утринските навики помагаат да го задржиме еланот сè до пладневните часови, кога всушност сме најсреќни и најрасположени, но и најпродуктивни. Продуктивноста нагло почнува да опаѓа штом ќе помине пладне, односно половина од работното време. Исто така, во овој период од денот сме најотпорни на одвлекување на вниманието, односно работиме поконцентрирано.

Токму поради ова, потрудете се задачите како тимски состаноци, важни телефонски повици и испраќање и одговарање на електронска пошта, да го направите до пладне.

Доколку треба да одите на лекар, имајте предвид дека истиве правила важат и за лекарите и дека тие исто така се најпродуктивни претпладне и на пладне. Тогаш можете да добиете целосни одговори на сите ваши прашања и да не се грижите дека лекарот може нешто да превиди.

Во овој дел од денот посветете се и на задачите кои од вас бараат да бидете остроумни, креативни, логични и практични. Механичката работа оставете ја за по 12 часот.

kako-da-go-organizirate-rabotniot-den-za-maksimalna-produktivnost-02.jpg

Од пладне па до вечер

Утрата не се добри за лесните задачи кои ги работите „напамет“. Искористете го времето по 12 часот за рутински задачи и формалности. Останатите четири часа од работното време треба да ги посветите на поедноставните работни обврски.

Во овој период најдобро е да направите подолга пауза за да се „рестартирате“ и можеби да добиете нови идеи. Можеби некаде при крајот на работното време ќе ви се појави потреба од зачестено пиење вода, одење во тоалет или излегување на пауза за цигара или брзинско кафе. Најдобро е во секој од последните три до четири часа да правите барем по една пауза на еден час, но не подолга од пет до седум минути.

Најлош период за вршење на работни задачи е помеѓу 14 и 15 часот, кога е неопходно да се тргнете малку од компјутерот, да го измиете лицето со ладна вода и да се напиете кафе, чај или некаков сок кој брзо ќе ви ја обнови енергијата.

Кај многу луѓе се случува дури откако ќе заминат од работа и ќе се посветат на приватните обврски, да се појават некои идеи за подобрување на работата. Тоа се должи на релаксирањето на умот и одвлекувањето на мислите од проблемите. Запамтете ги овие идеи или запишете ги некаде и посветете им се веќе следното утро.

Исто така, можете да го искористите овој наплив на креативност за да создавате нешто ново и лично ваше. На пример, можете да сликате, да пишувате или да креирате.

kako-da-go-organizirate-rabotniot-den-za-maksimalna-produktivnost-03.jpg

Како да го организираат денот оние кои работат во смени?

Без разлика на почетокот на работното време, обидете се да го организирате на сличен начин како да работите од 8 часот наутро. Креативната работа работете ја прва, а потоа механичката.

Секако, сечиј интерен часовник е различен. Доколку сте прифатиле да работите во смени, тоа значи дека сте пофлексибилни во однос на организацијата на времето.

Едно од пет лица е ноќна птица и подобро работи навечер или во текот на доцните ноќни и раните утрински часови. Идеално би било кога сите тие би можеле да најдат работа која одговара на нивниот природен ритам.

Бонус совет: Доколку приватно се дружите со колеги од работа, избегнувајте да дискутирате професионални теми во слободното време.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg