„Кариерата е како лош дечко, таа ве сака кога не зависите од неа“ - 8 цитати за успехот од познати жени-комичари

Доколку имате лош ден на работа или пак серија од неколку лоши недели, сигурно ви треба доза добри зборови да ви го кренат моралот, да ве инспирираат и да ви го подобрат расположението.

8-citati-za-uspehot-od-poznati-zeni-komicarki-01.jpg

Овие се токму такви цитати од мемоарите на познатите жени комичари коишто се соочувале со многу проблеми, пред да успеат во животот:

За кариерата

„Треба да се грижите за вашата работа, но не и за резултатот од неа. Треба да се грижите за тоа колку сте способни и колку добро се чувствувате, но не и за тоа што мислат другите луѓе за тоа колку сте добри или пак како мислат дека изгледате… гледајте на вашата кариера како на лош дечко. Таа ве сака кога не зависите од неа. Таа ќе трча по вас само ако се однесувате ноншалантно и докажете дека пријателството и долговечноста ви се поважни.“

- Ејми Полер, „Да, ве молам“

За вашиот однос

„Не ја трошете вашата енергија обидувајќи се да едуцирате други или пак да им го смените мислењето. Што е важно? Правете го она што сакате и не грижете се дали им се допаѓа на другите.“

- Тина Феј, „Шефовски панталони“

Како да ги бирате вашите ментори?

„Работете вредно, добро знајте го тоа што го работите и чувствувајте потреба да добиете нешто за возврат. Не слушајте никого, освен двете најпаметни и најфини возрасни личности коишто ги знаете, а тоа не мора да значи дека се вашите родители. Доколку го правите тоа, ќе ви биде добро.“

- Минди Калинг, „Зошто не јас?“

За амбицијата

„Амбицијата е чудна работа: таа ви се прикрадува кога најмалку очекувате и ве тера да продолжите напред, дури и кога мислите дека сакате да останете во место.“

- Лина Данам, „Јас не сум таква: Млада жена којашто ви кажува што научила“

За страста

„Живеам по мантрата „Оној којшто има најмногу страст“. Најди луѓе коишто навистина ги почитуваш и им веруваш и потоа на секоја одлука употреби го најстрасниот глас. Го сакам ова, бидејќи ја елиминира речиси секоја борба.“

- Сара Силверман, „Мочкото во кревет: Приказни за храброста, каењето и мочкањето“

За преземањето ризици

„Кога преземате ризици, учите дека има времиња кога ќе успеете и кога нема да успеете, а и двете работи се еднакво важни. Неуспехот е она што ви ја дава вистинската перспектива на успехот.“

- Елен Деџенерис, „Сериозно… се шегувам“

За шансите

„Свесно можам да пропуштам шанси коишто ми немаат логика, бидејќи ќе има подобри во иднина, дури и ако треба да ги почекам.“

- Џули Клауснер, „Не ме интересите твојот бенд: Што научив од инди-рокерите, основачите на наследните фондови, порнографите, затворениците, лажно осетливите хипстери и останатите момчиња со коишто сум излегувала“

Како да бидете допадливи?

„Почнав да согледувам колку се важни добрите пријателства во овој бизнис. Секогаш сум била природно темелна и добро подготвена и до средината на моите триесетти години веќе ги имав испеглано непријатните особини од мојот карактер. Можеби и станав некој којшто сакате да го имате во близина.“

- Џејн Линч, „Среќни несреќи“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg