Грешки кои треба да престанете да ги правите за да не си ја мразите работата

Ретко кој во денешно време кажува дека си ја обожава работата и најчесто повеќето се жалат, но тоа не е правилно.

greshki-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-mrazite-rabotata-01.jpg

Иако некои навистина немаат среќа и им се погодило така, сепак поголем дел од луѓето сами си прават работата да им биде тешка или да ја мразат од други причини.

Понекогаш треба сами да си најдете начин да ја засакате работата и да не прибирате премногу, како и да не ги обвинувате сите за вашите проблеми.

Постојат неколку навики кои треба да ги практикувате за да се чувствувате подобро во текот на работниот ден, како и да престанете да правите одредени грешки кои ве носат надолу.

Грешки кои прават да си ја мразите работата и треба да престанете да ги правите:

Не правите паузи

Мозокот не функционира како што си замислувате, дека колку повеќе го одржувате активен, толку подобро работи.

И на мозокот му е потребен одмор, а според науката, оптимално време за континуирана работа е 90-120 минути, а потоа е потребна мала пауза.

greshki-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-mrazite-rabotata-02.jpg

Работите додека сте на одмор

Многумина се обидуваат да го комбинираат одморот со работата, но тоа е опасно по здравјето, како и за работната рутина и ставот за работата подоцна.

Кога сте на одмор, оставете да се одморите од трудот кој претходно сте го вложувале, бидејќи во спротивно ќе имате чувство како само да работите, дури и да е некоја ситница и ќе имате погрешен став за работата.

greshki-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-mrazite-rabotata-03.jpg

Не спиете за време на работното време

Секако, не кажуваме дека треба да спиете по 1 час, но доколку имате можност за подолга пауза, живеете блиску или имате соба за одмор во компанијата, може да одвоите 15 минути, без телефон и уреди, без колеги и да ги одморите очите и мозокот со мала дремка.

greshki-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-mrazite-rabotata-04.jpg

Се опседнувате со барање решение

Нормално е да сакате да ги решите задачите, но не треба да се потпирате врз база на претходно искуство, бидејќи е потребна креативност за секој нов проблем.

Ако удирате со глава во едно место, само се оптоварувате и опседнувате со тоа, а проблемот останува нерешен, што ви ги уништува и понатамошните часови од денот.

Оттргнете се малку од проблемот, правете нешто друго поинтересно, а потоа вратете се на решавање со нов пристап.

greshki-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-mrazite-rabotata05.jpg

Не сте конзистентни во работата

Нормално е некој да има повеќе идеи за работа наутро, а друг подоцна во текот на денот, па според тоа распоредете си ги задачите од најтешка кон најлесна и релаксирачка.

Држете се до истиот ред и начин на правење активности секојдневно за да немате проблеми и губење мотивација и енергија.

greshki-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-ne-si-ja-mrazite-rabotata06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg