Кои се заедничките карактеристики на лошите менаџери?

Добриот менаџер треба да поседува карактеристики како што се емпатијата, етиката, транспарентноста, но и да бидат инспиративни за своите вработени.

koi-se-zaednichkite-karakteristiki-na-loshite-menadzheri-01.jpg

Лошите менаџери пак, се токсични, носат лоши одлуки, избираат погрешни стратегии и не го ценат мислењето на искусните вработени.

Доколку водите тим, не бидете 100% сигурни дека сте најдобри и најпаметни, бидејќи сигурно не сте, туку позицијата ви го дозволува тоа. Како и во сите други односи, така и во хиерархискиот, најважно од сè е да се остане човек.

Следните навики на лошите менаџери се многу погубни за нивната кариера:

1. Работат со недоверба и нетранспарентно

Искреноста во работата треба да биде и од страна на претпоставениот и од страна на вработените. Сè што не е така, влијае врз продуктивноста и резултатите, но и врз општиот работен капацитет на тимот и компанијата.

Исто така, секој менаџер треба да биде свесен дека ако лаже, вработените се свесни за тоа. Затоа треба да има логични и издржани барања од тимот, но и да даде доволна мотивација и да биде искрен во очекувањата.

koi-se-zaednichkite-karakteristiki-na-loshite-menadzheri-02.jpg

2. Ги „туркаат“ само своите идеи

Добрите лидери се секогаш во потрага по креативни решенија за проблемите, а во тоа многу помагаат, секако, вработените. Но, постојат и такви за кои состаноците се само формалност и кои по секоја цена ги реализираат само своите идеи.

Со тоа, сакајќи или не, го повредуваат моралот и потенцијалот на вработените, што во крајна линија е погубно за работата.

3. За сè се виновни другите

Постојат менаџери и тим-лидери кои ја злоупотребуваат својата позиција за да демонстрираат надмоќ врз вработените. Тие не прифаќаат одговорност и се во состојба да го обвинат дури и оној кој не сноси никаква вина кога нешто не е во ред.

Наместо да ја прифатат својата одговорност, постојано бараат начин да обвинат некој од тимот зошто нештата не одат според планот.

koi-se-zaednichkite-karakteristiki-na-loshite-menadzheri-03.jpg

4. Не ги слушаат вработените

Голема е веројатноста дека дел од вработените се во тек со сите нови трендови и ги владеат алатките кои може да ја олеснат работата. Но, лошиот менаџер не прифаќа ништо од ова, бидејќи ја потценува способноста на вработените или пак, сака да тера по свое.

Благодарение на таа игнорантност, во тимот никогаш нема да постои лојалност, ниту колегијалност, а најдобрите први ќе се повлечат.

5. Се фокусираат на краткотрајни решенија

Иако некој од вработените нуди целосна стратегија која е исплатлива на долг план, лошите менаџери се задоволуваат со инстантни решенија кои изгледаат како добри, но во принцип се лоши и никогаш не резултираат со квалитетен исход. Но и покрај тоа, тие тераат по свое.

koi-se-zaednichkite-karakteristiki-na-loshite-menadzheri-04.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg