Професии кои повеќе не постојат, а порано биле популарни

Светот се менува брзо. Новите технологии воведоа големи промени во бизнис секторот, па некои професии кои биле вообичаени и многу популарни порано, денес повеќе не постојат.

Profesii koi poveke ne postojat a porano bile popularni 01

Не само што не постојат, туку за некои работни позиции повеќемина не знаат ниту дека некогаш постоеле.

Ова се неколку популарни и вообичаени професии кои исчезнале во изминатите сто години:

Knocker Uppers (чукачи на прозорци)

Оваа професија била многу популарна во Велика Британија и Ирска. Во некои области постоела до 1970-тите. Луѓето, кои се занимавале со оваа професија, секое утро тропале на прозорците да ги разбудат луѓето.

Пијанист во кино

Оваа професија била многу популарна во ерата на немите филмови, кога покрај сликата на екранот била потребна и музичка придружба. Музичарите, кои работеле во киното, обично импровизирале со своите музички изведби, за да ја доловат атмосферата на филмот.

Телефонисти

Корисниците на телефоните порано требало рачно да се поврзуваат, а тоа го правеле телефонистите. Со оваа професија најчесто се занимавале жените, а истата се сметала за исклучително реномирана.

Исто така, било многу важно жените да бидат високи за да можат да досегнат до приклучокот. Оваа работа барала прецизност, бидејќи за само осум секунди требало да се прифати повикот и да се пронајде вистинскиот приклучок за поврзување на повикот.

Profesii koi poveke ne postojat a porano bile popularni 02

Читачи во фабрики

Понекогаш во фабриките постоеле луѓе кои гласно ги читале весниците или книгите за да ги забавуваат работниците. Овие луѓе биле исплатени од парите на работниците. Со појавата на радиото оваа професија почна да исчезнува.

Човечки калкулатори

Пред да се појават првите компјутери, постоеле т.н. човечки компјутери. И покрај тоа што жените често биле потценети во историјата, оваа професија била почеста кај жените.

Имено, со оваа професија се занимавале жени кои, со пресметување, помагале во проектите за време на Втората светска војна, а се занимавале и со програмирање на првите електронски уреди.

Profesii koi poveke ne postojat a porano bile popularni 03

Собирачи на пијавици

Овие луѓе се занимавале со собирање на пијавици за медицински цели. Честопати ги користеле сопствените нозе за да ги привлечат пијавиците. За жал, ова често негативно влијаело врз здравјето на собирачите.

Тажачки

Тажачките биле луѓето кои професионално ги оплакувале мртвите. За прв пат се појавиле во Кина, во 156 година п.н.е. Нивната задача била да бидат екстремно тажни на погребите, за да не им биде непријатно тагувањето на роднините и пријателите на покојниот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg