Зошто никој не ви се јавува за интервју на огласот на којшто сте се пријавиле?

Во време како денешното навистина е многу тешко да се најде добра работа. Понекогаш ни се чини дека барањата се превисоки, а конкуренцијата преголема. Сепак, дел од грешката можеби треба да ја побараме и кај себе.

Zosto-nikoj-ne-vi-se-javuva-za-intervju-01.jpg

Можеби и ние како апликанти и потенцијални кандидати правиме нешто погрешно што не резултира во повик за интервју за саканото работно место. Каде најчесто грешиме и зошто никој не ни се јавува по испратеното CV за работната позиција?

Ви недостасуваат потребните компетенции. Доколку ги немате потребните вештини, знаења, искуство и образование за вработувањето што барате, веројатно нема да ве земат предвид при селекција на кандидатите.

Вашата професионална биографија (CV) не одговара на барањата за работата. Може да ги имате потребните квалификации, но работодавачот да не биде во можност да процени дека сте кандидат за вработување. Најважно е да бидете сигурни дека вашето резиме покажува зошто токму вие сте силен кандидат за таа специфична позиција.

Вашето CV е хаос. Ако одлучите да доставите добро форматирана биографија, без никакви типографски или граматички грешки, би имале повеќе шанси за интервју. Особено внимавајте на фотографијата доколку е неопходна за поднесување, таа не смее да биде непристојна или смешна.

Не сте ги доставиле сите потребни документи. Доколку некоја компанија бара придружно, односно мотивациско писмо, препораки или кој било друг материјал за поддршка на вашата апликација, треба уредно да ги доставите кога аплицирате.

Компанијата веќе ангажирала некој друг. Може сепак се работи за нешто толку едноставно како пополнета работна позиција, но компанијата сè уште не ве отстранува од базата на идни потенцијални кандидати за вработување.

Плановите за вработување на компанијата се промениле. Компанијата можеби одлучила да не ја пополни позицијата или можеби ги сменила барањата за тоа работно место. Проблемите со буџетот може да го стопираат процесот на вработување. Управувањето на компанијата може да се смени во меѓувреме, предизвикувајќи привремено ангажирање на работници или пак прекинување на огласот. Воедно имајте предвид дека некој што е веќе вработен во компанијата можеби бил унапреден на работното место за коешто аплициравте.

Процесот на вработување може да биде подолг отколку што очекувате. Компанијата можеби (не)намерно го одолговлекува процесот и да чека да собере серија на резимеа пред да започне процесот на интервјуирање. Исто така, многу други фактори може да го пролонгираат процесот на бирање соодветен кандидат и вработување, па немојте да се изненадите доколку поминат месеци, вие веќе сте го заборавиле огласот и одеднаш добивате повик за интервју.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg