Имате ли приватен живот?!

imate-li-privaten-zivot-povekjeДодека едни сонуваат за тоа да се вработат и да почнат да го планираат животот, други поради големиот ангажман на работа целосно го запоставиле...


... приватниот живот. Сè поголем е бројот на млади, амбициозни деловни луѓе кои поради неодложните состаноци, деловни ручеци, службени патувања и итни рокови не се сеќаваат кога последен пат имале малку време да излезат со пријателите, а за потполната пустош во нивниот љубовен живот и да не зборуваме.

Но, времето минува... Доколку сте еден од оние кој по којзнае кој пат, поради работа ја презакажал вечерата со девојката која неодамна ја запознал, без разлика што срцето му затрепарува при помислата на неа, крајно време е да си го средите животот.

На вистинските воркохолици секогаш на прво место им е работата, пред пријателите, семејството, љубовта...

imate-li-privaten-zivot

Запрашајте се дали успешната кариера во потполност ве исполнува, или пак тоа е само замена за длабоката емотивна празнина.

Можеби имате работа со незгоден шеф кој постојано нешто бара, или пак такви клиенти? Или, можеби само сега се трудите малку повеќе бидејќи сакате да побарате покачување на платата?

Кога ќе ја согледате вистинската причина, ќе можете и да го решите проблемот. Кога на некој драг пријател/ пријателка ќе му кажете дека долго време не сте се јавиле затоа што сте биле презафатени на работа, јасно им ставате до знаење дека во тој период работата ви била приоритет.

Меѓутоа, ако размислите, ќе видите дека за некои работи секогаш наоѓате време, а пак за некои не. Запрашајте се зошто е тоа така и кој го контролира вашиот живот – вие или вашиот шеф?

Трудете се да воспоставите рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, во спротивно - приватен живот никогаш нема ни да имате.

Кога сте со семејството, пријателите, или пак девојката, посветете им полно внимание и не мислете на работата. Исклучете го мобилниот и опуштете се!

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg