Како до поголема плата?

kako-da-go-ubedite-sefot-da-vi-dade-pokacuvaje-povekjeЗа да добиете покачување морате прво самите да бидете убедени дека го заслужувате, па потоа морате да го убедите и шефот дека во таа фирма вредите повеќе.


Барањето на покачување не е лесно, па пред да тргнете во „напад“ треба да знаете и да се придржувате на неколку важни работи...

Прашајте веднаш – Ако верувате дека заслужувате покачување, побарајте го побргу – немојте да одложувате и да чекате тој да ви го понуди.

kako-da-go-ubedite-sefot-da-vi-dade-pokacuvaje

Одредете ја својата вредност – одредете колку вредите на пазарот, споредувајќи се со другите луѓе на слични работни места во својата и во други фирми. Никогаш барањето на покачување немојте да го базирате на фактот дека ви требаат повеќе пари.

Бидете реални – во својата проценка, колку вредите и колку работодавачот може и сака да плати. Имајте јасна бројка на ум пред да тргнете во преговори. Избегнувајте споредби и никогаш пред шефот немојте да ја споредувате својата плата со туѓите.

Допринесувајте – запомнете дека шефовите сакаат вработени кои што допринесуваат во успешноста на фирмата – зголемување на продажбата и профитот, намалување на трошоците и времето потребно за да се заврши некоја работа, подобрување на корпоративниот имиџ, однос кон клиентите и привлекување на нови клиенти.

Бидете детални – направете детална анализа на своето работно место и работата со која ја вршите. Бидете објективни во нагласувањето дека фирмата има корист од вашите способности, квалификации и искуство.

Очекувајте тешки прашања – препознајте ги можните мани во своето барање и подгответе позитивни одговори.

Нагласете ги своите достигнувања – ако сте биле пофалени спомнете му го тоа на својот шеф и напомнете ги своите можни идни достигнувања.

Проценете ја својата изведба – знајте какви стандарди користи вашиот работодавач за проценка на успешноста и прилагодете се на нив.

Подгответе документација – подгответе јасна и концизна документација на важни податоци – факти и бројки кои зборуваат во прилог на тоа колку позитивно допринесувате во работата на фирмата.

Користете ги преговарачките вештини – бидете свесни за важноста на вештината на преговарање: слушајте внимателно што ви зборува вашиот шеф, избегнувајте препирки и давање на ултиматуми и ако е потребно, бидете подготвени на компромис.

Вежбајте – вежбајте со пријател кој е запознаен со ситуацијата и кој е подготвен да ви постави тешки прашања, да ги критикува вашите грешки и да ви даде конструктивни совети.

Обидете се повторно – ако поради околностите вон негова контрола, работодавачот чувствува дека во овој момент не може да ви даде покачување, заблагодарете му се што ве сослушал и замолете го по неколку месеци повторно да ве прими и да поразговарате за покачувањето.

Имајте на ум дека со шефот ќе мора да работите и понатаму, затоа, состанокот нека помине во пријатна атмосфера и немојте да ја треснете вратата зад себе.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg