7 причини зошто професијата такси возач е навистина тешка

Мора да внимавате патникот седнат одзади да не ви избега без да плати (да, за жал, се случува и тоа). Мора да бидете подготвени за ненадеен напад и грабеж (никогаш не знаете кој седи до вас или зад вас).

7-prichini-zoshto-profesijata-taksi-vozach-e-navistina-teshka-01.jpg

Професијата такси возач е убава затоа што работните часови ви се флексибилни, работите сами, односно до вас немате шеф кој ви дише во вратот, постојано запознавате нови луѓе и им помагате да стигнат до посакуваната дестинација, доколку сакате поголема заработувачка, можете да работите прекувремено итн.

Но, оваа професија има и многу негативни аспекти и навистина понекогаш не е лесна. Замислете само возење по снежни замрзнати улици или пак кога надвор е 40 Целзиусови степени и сонцето ве пече преку прозорецот...

Тешката страна на професијата такси возач:

- Мора да работите во смени и кога сте трета смена да земате пијани девојки/момци од клубови во 3 часот наутро.

- Мора да знаете како да останете смирени и во најстресните ситуации и тоа неретко доаѓа до физичка, но и психичка исцрпеност.

7-prichini-zoshto-profesijata-taksi-vozach-e-navistina-teshka-04.jpg

- Мора да внимавате патникот седнат одзади да не ви избега без да плати (да, за жал, се случува и тоа).

- Мора да бидете подготвени за ненадеен напад и грабеж (никогаш не знаете кој седи до вас или зад вас).

7-prichini-zoshto-profesijata-taksi-vozach-e-navistina-teshka-05.jpg

- Мора да ја одредите точната доза на разговор со клиентот (да бидете пријатни, но не и нападни).

- Мора да ги знаете сите улички во градот, а и да знаете како да се снајдете кога ќе заглавите некаде.

7-prichini-zoshto-profesijata-taksi-vozach-e-navistina-teshka-06.jpg

- Мора да бидете многу внимателни затоа што постојано сте дел од сообраќајот во кој има многу несовесни возачи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg