Искрени исповеди на мажи зошто ја оставиле жената што ја сакале

„Нашиот сексуален живот згасна и љубовта испари. Сексот е важен во една врска, кога престанавме да го имаме, сфатив дека е готово“.

iskreni-ispovedi-na-mazhi-zoshto-ja-ostavile-zhenata-shto-ja-sakale-01.jpg

Мажи на Reddit одговараат на прашањето зошто ставиле крај на љубовната врска, која некогаш многу им значела.

Дел од нивните исповеди:

„Двајцата почнавме да се прашуваме што уште има таму. Еден на друг си бевме првата сериозна врска и кога почнавме да стануваме љубопитни што уште има таму надвор од нашиот круг, тогаш сфативме дека нашата љубов можеби и не е вистинската“.

„Сфатив дека таа не е вистинската личност за мене. И јас не бев вистинската личност за неа“.

„Останувавме заедно само затоа што предолго време бевме заедно. Кога сфативме дека изминатите 7 години не нè одведоа таму каде што сакаме да бидеме, сфативме дека повеќе не сме вљубени“.

iskreni-ispovedi-na-mazhi-zoshto-ja-ostavile-zhenata-shto-ja-sakale-02.jpg

„Нашиот сексуален живот згасна и љубовта испари. Сексот е важен во една врска, кога престанавме да го имаме, сфатив дека е готово“.

„Двајцата сфативме дека ја нема повеќе искрата од почетокот, се обидовме да ја оживееме, но сфативме дека конекцијата е веќе изгубена“.

„Се преселивме во друга земја заедно. Јас се променив, таа остана иста. Промената требаше да биде заедничка, љубовта не е еднострана“.

„Таа се грижеше премногу за нејзината кариера, а недоволно за нашата врска. Сфаќам дека врската не е сè во животот, но мора да има баланс“.

„Јас направив грешка и ја изневерив. Таа кажа дека може да ми прости и ми даде втора шанса. Но, иако остана со мене никогаш повеќе не ми веруваше комплетно. Нејзината недоверба направи да се одљубам од неа“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg