Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Зошто партнерот не сака да има секс со мене откако се породив?“

Дали желбата за секс по породувањето кај партнерот може да опадне затоа што тој чувствува разлика во вагината и кои вежби навистина може да го подобрат сексот? Ова се две прашања од наши читатели на кои за CRNOBELO.com одговара докторката, клинички сексолог Фросина Крстаноска.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-zoshto-partnerot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-se-porodiv-01.jpg

На Инстаграм профилот на CRNOBELO.com читателите имаа можност да постават прашања поврзани со сексуалното здравје, упатени до докторката Фросина Крстаноска.

Во продолжение погледнете ги одговорите на д-р Крстаноска на поставените прашања од читателите:

1. „Откако се породив, колку и да се трудам, желбата за секс кај сопругот е значително намалена. Дали е ова нормално? Како да се работи на случајот за да се вратиме во нормала? Моето либидо е сосема во ред. Дали може да се почувствува разлика во вагината при сексот (природно породување)?“

По породувањето е нормално да се намали сексуалната активност заради бебето на кое му посветуваме нега, внимание и љубов.

Сексот треба да е планиран, адаптиран во однос на време и место. Можеби сопругот не сака да ви се приближи кога вие не давате иницијатива, имате страв од повторна бременост или бебето го доите непрекинато?

Вагината по породување не е причина за да ве избегнува. Купете заводлива долна облека, најдете дадилка и излезете сами за да сте релаксирани на состанок како порано.

Организирајте си помош за дома и бидете внимателна кон него секогаш кога сте заедно.

Мажите за да добијат желба имаат потреба од визуелна и допирна стимулација. Не е исклучено, партнерот да мастурбира повеќе од вообичаено или добива нежност на друго место.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-zoshto-partnerot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-se-porodiv-02.jpg

2. „Дали одредени вежби навистина може да го подобрат сексот?“

Постојат вежби за подобрување на сексуалноста и тоа го применувам како сексолог во својата амбуланта кога го советувам парот/клиентот што да вежба дома.

За секој проблем има техники што помагаат, а некогаш треба да се препишат и лекови заедно.

Една од најупотребуваните вежби во сексологијата е „sensate focus“.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-zoshto-partnerot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-se-porodiv-03.jpg

На вашите прашања одговара д-р Фросина Крстаноска - интернист и хематолог, и член на Европскиот комитет за сексуална медицина (FESCM).

Вработена како клинички сексолог во Аџибадем Систина

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Секс поза „редена торта“ која го стимулира клиторисот (18+) Ако сте ја пробале секс-позата „лазања“, тогаш ќе сакате да ја пробате и „редена...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg