Прашања за сексот што ги мачат средовечните луѓе (и им е срам да ги постават)

„Има ли решение за проблемите со ерекција?“

Терапевтка вели дека ова е најчестото прашање што го добива, а истакнува дека нејзините пациенти не се ни свесни колку се чести проблемите со ерекцијата.

Со возраста, овој проблем може да стане и поизразен.

Ако се соочувате со еректилна дисфункција, консултирајте се со лекар. Можете да пробате и апчиња како вијагра, секако, по консултација со лекар.

Од друга страна, не заборавајте дека проблемите со ерекција не мора да стават крај на интимните мигови со партнерката.

Постојат милиони начини на кои можете да се задоволите еден со друг и без пенетрација.

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-05.jpg

„Што ако имаме различно либидо?“

Не можете да очекувате со партнерот секојпат да сакате секс во исто време. Исто така, ретко кои парови имаат потполно исто либидо.

На пример, некои сакаат утрински, некои вечерен секс. Некои сакат секој ден, а на некои им е доволно и еднаш неделно.

И во овој случај е многу важно да разговарате.

Исто така, само затоа што во моментот не размислувате за секс, не значи дека нема да уживате ако партнерот го направи првиот чекор.

Неретко е потребна стимулација за да се појави желбата за секс.

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-04_copy_copy.jpg

„Како да си ја вратам самодовербата по раскинување/развод?“

На средовечните луѓе може да им биде потешко да си ја вратат самодовербата по раскинување или развод.

Причината за ова најчесто е фактот што поминале многу години со ист партнер, па помислата за нов може да изгледа многу страшно.

Покрај тоа, и самото раскинување е стресно, што има дополнително негативно влијание.

Ако сте во ваква ситуација, Кејт има неколку совети што ќе ви бидат од корист.

Најпрво важно е да научите да ризикувате по раскинувањето. Важно е и да ги прифатите негативните емоции кои доаѓаат со разделбата.

Минувајте време со пријателите и семејството – ова може да ви помогне да си ја вратите самодовербата. Генерално, социјалната интеракција има позитивно влијание.

На крај, не мора да брзате да имате секс со нов партнер и дајте си време да се запознаете.

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-7.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg