Прашања за сексот што ги мачат средовечните луѓе (и им е срам да ги постават)

Дали имаме доволно секс и што ако сексот стане здодевен - кои се најчестите прашања за сексот што ги поставуваат средовечните луѓе, според секс терапевт? 

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-01.jpg

Не само младите, некогаш и повозрасните имаат прашања за сексот кои им е срам да ги постават.

Иако стануваме поотворени, за многумина сексот уште е табу тема и се чувствуваат непријатно да зборуваат за ова, уште помалку да ги споделат нивните грижи и проблеми.

Имајќи го тоа на ум, секс терапевтката Кејт Мојл одлучила да одговори на најчестите прашања што ги добива од нејзините средовечни клиенти.

Прашања за сексот што ги мачат средовечните луѓе:

„Како изгледа добриот секс и како да го подобриме сексот со партнерот?“

И мажите и жените, без разлика на возраста, се прашуваат дали се добри во кревет.

Проблемот во овој случај се филмовите кои генерално ни даваат нереална слика за тоа како изгледаат интимните мигови со партнерот.

Кејт Мојл нагласува дека во сексот нормално е некогаш да се удрите со партнерот, да ве фати смеа, да се наместите во чудна положба и бројни други работи.

А, сето ова не значи дека сексот не е добар. Напротив, ако уживате и покрај овие ситници, тоа е знак дека се забавувате.

Важно е со партнерот да истражувате и да разговарате за работите што ги сакате.

На пример, многу мажи мислат дека најважна е големината на пенисот или колку долго ќе издржат. Но, доколку ги прашаат партнерките, ќе сфатат дека ова не е најважното нешто.

Комуникацијата е најважна во врската, дури и кога станува збор за секс.

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-03.jpg

„Дали имаме доволно секс?“

Со бројните обврски, некогаш се случува сексот да остане запоставен.

Проблемот е што луѓето почнуваат да веруваат дека нивната врска не е добра бидејќи немаат време за секс како на почетокот или како во младоста.

Терапевтката вели дека ако со партнерот сте задоволни со сексот, само затоа што некогаш немате време, не значи дека вашиот сексуален живот е „мртов“.

Ако реткиот секс почнува да ве загрижува, тогаш е време да разговарате.

Доколку нема други проблеми и причината е тоа што немате време, потрудете се да се договорите да поминете барем една вечер неделно заедно.

И во овој случај, најважна е комуникацијата.

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-06.jpg

„Што ако сексот ни стане здодевен?“

Многу луѓе стравуваат дека по многу години со ист партнер, сексот ќе им стане здодевен и на двајцата.

Ова може да се случи доколку со партнерот со години не пробувате ништо ново. Но, добрите вести се дека лесно можете да ја избегнете здодевноста.

Бидете љубопитни, пробувајте нови работи, разговарајте за вашите фантазии и реализирајте ги…

Постојат безброј начини да го „зачините“ сексуалниот живот, дури и ако сте заедно со години.

prashanja-za-seksot-shto-gi-machat-sredovechnite-lugje-i-gi-sram-da-gi-postavat-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg