Во која година од бракот партнерите почнуваат да размислуваат за неверство, според истражување?

Кои се најчестите причини за афера и во која година партнерите почнуваат да размислуваат за неверство? Резултатите од ново истражување ќе ве изненадат.

vo-koja-godina-od-brakot-partnerite-pochnuvaat-da-razmisluvaat-za-neverstvo-spored-istrazhuvanje-01.jpg

Многумина веруваат дека седмата година од бракот е најризична затоа што тогаш партнерите најчесто почнуваат да размислуваат за неверство, но едно ново истражување покажа дека овие податоци се неточни.

Веб-сајтот за состанување наменет за парови кои се во брак - illisitencounters.com - направи истражување врз 2.000 од своите членови така што им го постави прашањето:

„Во кој период од бракот почнавте да размислувате да започнете афера?“

Според резултатите, околу 7 отсто одговориле дека нивниот партнер ги изневерил уште во првата година од бракот.

Пет проценти велат дека почнале да изневеруваат по 2 години, а 12 отсто велат дека на таков чекор се одлучиле дури по 4 или 5 години брачен живот.

Најголем број од испитаниците, дури 33 отсто, одговориле дека почнале да изневеруваат во третата година од бракот, па затоа се верува дека ова е најризичната година за сите двојки коишто сакаат да останат заедно.

vo-koja-godina-od-brakot-partnerite-pochnuvaat-da-razmisluvaat-za-neverstvo-spored-istrazhuvanje-02_copy_copy.jpg

Како најчеста причина за неверство се наведува тоа што партнерите почувствувале дека им недостасува интимност во бракот, а околу 25 отсто (или една четвртина) наведуваат дека добивањето деца им ги променило односите и довело до тоа да чувствуваат дека имаат проблеми во бракот.

Околу 16 отсто тврдат дека изневериле само затоа што им било здодевно и барале возбуда.

Портпаролката на веб-сајтот, Џесика Леони, ваквата промена ја поврзува со самата промена на начинот на живот:

„Во овој брз и динамичен свет, паровите многу побрзо доаѓаат до раскрсница отколку што тоа се случуваше во минатото“ – изјави таа.

Што мислите вие? Дали паровите денес многу побрзо се задоволуваат од врската и бракот отколку порано и почнуваат да бараат нови партнери?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
5 знаци кои покажуваат дека сте во среќна врска, исполнета со доверба Не го проверувате парнтерот на секој половина час кога е излезен со друштво и не...
Играчки, секси масажа: Како да го „зачините“ сексуалниот живот (во долга врска)? Дозволете му на партнерот да ве гледа додека мастурбирате, а разговарајте отворе...
7 знаци дека имате одличен сексуален живот со партнерот (број 6 е клучен) Сметате дека вашата предигра е подобра од нечиј сексуален чин, постојано комбини...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg