Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави?

„Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека имам ќерка. Колку повеќе чекам за да му кажам, толку повеќе ме фаќа паника и сметам дека кога конечно ќе се отворам, работите ќе бидат уште полоши. Што да правам?“ – прашува една млада девојка.

prashuvam-za-prijatel-mojot-nov-dechko-ne-znae-deka-imam-dete-kako-da-mu-kazham-a-da-ne-me-ostavi-01.jpg

На некои девојки може да им се случи да останат бремени рано во животот, и да не се со татковците на нивните деца, но дали тоа значи дека заради ставот да не бидат отфрлени од идните партнери, треба да лажат дека немаат деца?

Дали само девојките што се сингл и без „багаж“ заслужуваат да ја бараат среќата?

Се чини дека девојките што млади станале мајки се ограничени во поглед на изборот на партнер, затоа што малку се оние партнери што би сакале да се справуваат со родителството во младоста, а тој проблем не постои само кај нас на Балканот, туку и пошироко во светски рамки.

Една девојка се соочува со ваква дилема и побара помош од колумнистка на Daily Mirror, Колин.

Во продолжение писмото на девојката во целост:

„Јас сум самохрана мајка во 20-тите години од животот. Ќерка ми има речиси 2 години и немам никаков контакт со нејзиниот татко. Тој е женкар и побегна во првиот миг кога му соопштив дека сум бремена.

Знам каде живее, но среќна сум што тој не е дел од нашите животи.

За среќа, моите родители и моите пријатели ме поддржуваат и ја сакаат ќерка ми.

Пред неколку месеци почнав повторно да запознавам потенцијални партнери онлајн и запознав еден дечко што навистина ми се допаѓа – изгледа добро, љубезен е и речиси ги исполнува сите критериуми што ги барам кај еден маж.

Но, проблемот е во тоа што не сум му кажала дека имам ќерка, а веќе двапати бевме на состанок. Колку повеќе чекам за да му кажам, толку повеќе ме фаќа паника и сметам дека кога конечно ќе се отворам, работите ќе бидат уште полоши.

Не се срамам од ќерка ми воопшто, но мислам дека ме загрижува тоа што ако му кажам за ќерка ми, тој ќе избега.

Постојано сум нервозна заради ова.

Само сакам да уживам во младоста и да имам можност да запознавам нови луѓе, но свесна сум дека поголемиот дел од луѓето на моја возраст немаат деца и не сакаат да ги имаат.

Ако му кажам сега, тој ќе мисли дека сум луда или лажга...

Што да правам?“

prashuvam-za-prijatel-mojot-nov-dechko-ne-znae-deka-imam-dete-kako-da-mu-kazham-a-da-ne-me-ostavi-02.jpg

Во продолжение советот на Колин:

„Веќе знаеш што ќе те советувам: Мораш веднаш да му ја кажеш вистината.

Колку повеќе молчиш, толку повеќе се вложуваш во врската и толку повеќе ќе се чувствуваш скршено ако тој ненадејно одлучи да стави крај на врската.

Но, јас сметам дека е многу поверојатно да ти раскине затоа што си го лажела, отколку заради тоа што имаш дете. Не значи дека секој маж ќе побегне кога ќе се соочи со вистински проблем.

Но, ако му ја кажеш вистината и тој каже дека не е заинтересиран за врска, тогаш тоа значи дека тој не е вистинскиот човек за тебе затоа што ќерка ти е дел од тебе и нема преговори за неа.

Тој треба да сфати дека вие двете одите во пакет и нема потреба да се обидуваш да изградиш врска со некој што не може тоа да го сфати.

Исто така, ако запознаваш мажи онлајн во делот со биографските податоци треба да напоменеш дека имаш дете. На тој начин веднаш ќе знаеш дека мажите што те контактираат знаат каква ти е ситуацијата и немаат проблем со тоа.

Ако овој дечко е навистина љубезен како што велиш дека е, тогаш сигурно ќе те разбере. Ќе треба да му нагласиш дека прво си сакала да дознаеш дали се сложувате пред да ја спомнеш ќерката.

Ако продолжите да се состанувате, од него не можеш да очекуваш веднаш да стане татко на ќерката. Потруди се работите да се одвиваат бавно и немој ниту да помислуваш да го запознаеш со ќерката пред да бидеш сигурна дека тој е вистинскиот.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Можам ли да имам секс додека имам ХПВ?“ (18+) Ако ви се појавиле симптоми на ХПВ или сте дознале дека го имате вирусот преку с...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg