Прочитајте го неговиот говор на телото

Невербалната комуникација во љубовната врска е исто толку важна колку и самата комуникација. Научете како да ги „прочитате“ неговите гестови и да одговорите соодветно на нив.

procitajte-go-negoviot-govor-na-teloto-01

Најчестите нивни трикови се токму следниве, а наспроти се нивните значења кои понекогаш е полесно да ги направите отколку да ги искажете.

Ви ги покажува рацете - Кога вашиот партнер во текот на разговорот ја подава раката така што дланката е свртена нагоре, знајте дека потполно го имате во рака. Со таквиот гест мажите често ви докажуваат дека со вас сакаат да остварат длабока, емоционална врска.

Гестикулира повеќе отколку што зборува - Мажот кој постојано ги движи рацете додека зборува е одличен љубовник. Овој тип на мажи се многу дарежливи и внимателни.

Гордо ве држи за рака во јавност - Многу кратко и јасно, на светот му покажува што има до него и колку тоа го цени.

procitajte-go-negoviot-govor-na-teloto-1

Рака на колкот или на рамениците - Ова се едни од основните делови на телото по кои мажите посегнуваат кога сакаат да иницираат секс.

Раката на стомак - Овој гест покажува дека тој е гладен за комплимент. Овој тип на мажи обожаваат кога своите чувства ги покажуваат со дела, а не зборови, но само ако и вие го правите истото.

Сочен, долг бакнеж - Интензивниот бакнеж, кој трае повеќе од 10 секунди значи дека вашиот партнер не може да ви одолее. Ова е само прв знак дека сексуалната возбуда започнала да расте и нетрпелив е да ве има само за себе.

Лижење на усните - Мажите кои умираат од желба да ве имаат во истиот момент, имаат исти гестови како кога се гладни, но овој пат не по храна.

Кратка насмевка - Знакот по кој ќе препознаете дека се чувствува удобно и опуштено во ваша близина.

Нежен бакнеж во образ - Ако неговото испраќање завршува со бакнеж во образот или челото, станува збор за грижлив маж. Но, внимавајте, овој знак може да значи и губење на страста во врската.

Ве гали по косата и по вратот - За овој тип на маж сексот и љубовта одат заедно. Вашето задоволство им е приоритет, бидејќи се внимателни и често покажуваат колку им значите.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg