6 типа на мажи кои никогаш нема да ве оженат

Доколку го барате господинот вистински со кој сакате да го споделите остатокот од животот, ќе треба да бакнете неколку од овие жаби, кои и покрај тоа нема да се претворат во шармантни принцови.

6-tipoa-na-mazi-koi-nikogas-nema-da-ve-ozenat-01

Ова се 7 типови на мажи кои никогаш нема да ве оженат користејќи ги нивните патетични изговори:

Господинот  “Не сум подготвен за сериозна врска”

Најверојатно никогаш нема да биде подготвен.

Ви кажува дека во минатото немал сериозна врска бидејќи не бил подготвен за таква обврска? Ве замолува да не го избрзувате и да оставите на времето да го реши вашиот статус?

Откачете го овој тип и убедете се дека дури и да останевте со него, никогаш нема да бидете негова жена.

Господинот  “Непреболена бивша”         

Постојано ја споменува неговата бивша и ве споредува со неа?

Не си го губете времето со ваков човек. Тој секогаш ќе жали по бившата. Оставете го пред тој да ве остави или изневери кога таа ќе го повика.

Господинот  “Кариерата на прво место”

Се гледате два пати неделно и тоа само за викенд, бидејќи вашиот господин „опседнат со кариерата“ е секогаш зафатен?

Испланирајте го следниот викенд со вашите пријателки и не барајте го повеќе.

Господинот  “Сигурно постои подобра од неа”

Постојано ве споредува со моделите на Викторијас Сикрет? Ве советува да направите пластична операција на носот или да ставите силикони?

Овој тип не се двоуми дека постои подобра од вас, тој е уверен во тоа.

Оставете го да ја најде госпоѓица совршена која ќе ги лечи неговите комплекси, а вие пронајдете го оној што ќе ве сака какви што сте.

Господинот  “Се дружам со тинејџери”

Секоја вечер излегува по ноќни клубови за тинејџери и користи глупави детски изрази? Несомнено е дека овој тинејџер во душата, никогаш нема да ја напушти својата младост.

Повеќе од сигурно е дека нема да се ожени со вас, а доколку го направи тоа, очекувајте да ве изневери со 18 годишна девојка која ќе ја сретне во некое од неговите места.

Господинот  “Ја немам пронајдено вистинската”

Постојано се жали околку тоа дека не постои љубов и ќе биде потребно да се појави вистинската за да го премисли во тоа. А вие што сте?

Ако се уште нема сфатено што има покрај себе, најверојатно никогаш нема ни да сфати.

Бидете реални и споделете: Го пронајдовте вашиот господин некаде во листата?

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg