Сакате сериозна врска? Овие работи не треба да ги држите во тајност

Мислите дека конечно ја пронајдовте вистинската љубов? А, дали знаете дека одредени работи кои ги премолчувате би можеле да го одалечат вашиот партнер од вас?

sakate-seriozna-vrska-ovie-raboti-ne-treba-da-gi-drzite-vo-tajnost-01

Постојат работи кои смеете и треба да ги задржите исклучиво за себе, но постојат и оние работи кои не треба да ги држите во тајност. Особено доколку навистина посакувате да ја однесете врската на следно ниво и таа да стане посериозна.

Сериозните врски бараат многу поврзаност меѓу партнерите и секако не треба да ве одалечуваат буквално никакви, скриени тајни. 

Природната убавина 

Нормално е девојката да посакува секогаш да е уредно нашминката и средена првенствено заради себе, а потоа и за својот партнер. Доколку тој е навистина вистинскиот, не срамете се да се појавите пред него без грам шминка. 

Финансиска ситуација 

Планирате во иднина заеднички живот, но тој сè уште не ја знае вашата финансиска ситуација ниту пак вие неговата. Овие работи не треба да се кријат, туку треба да се поттикнувате еден со друг да остварувате поголеми придонеси или да штедите. 

Соништа и животни цели

Вашиот партнер ви ги доверил, а вие сфаќате дека не се поклопуваат со вашите и ги премолчувате или во најлош случај ги менувате или потиснувате во себе. Застанете цврсто зад вашите соништа и животни цели и секогаш ќе умеете да најдете начин да ги остварите, а вашиот партнер со сигурност ќе ве подржува. 

Очекувања 

Ви пречи дека не е доволно романтичен? Сакате да е поспонтана личност? Сакате да знаете како да го постигнете тоа? Едноставно, трикот се состои во тоа да му кажете јасно што точно сакате и очекувате од него, верувајте дека ќе му биде мило да ги промени тие нешта со цел да бидете среќни. 

Верувања

Политиката и религијата се теми кои треба да ги избегнувате во друштво, но пред вашиот партнер треба да бидете отворени и да не ги сокривате вашите верувања без разлика колку се разликуваат од оние на вашиот партнер. Она што не треба да го правите е да му судите на вашето момче доколку има различни верувања. 

 Чувството е прекрасно кога ќе сфатите дека врската ви се заснова на искреност и доверба. 

sakate-seriozna-vrska-ovie-raboti-ne-treba-da-gi-drzite-vo-tajnost-1

Какви тајни вие криете? 

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg