Женски речник со објаснување: Зошто мажите мислат дека се луди?

Мажите и жените често за исто нешто имаат толку различен поглед, што понекогаш доаѓаме до заклучок дека потекнуваме од различни планети. Тоа не може да се промени ниту по милион обиди секој да ја објасни својата страна.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-01

Таквиот процес најчесто е залуден, а резултатите на крајот завршуваат со заклучок: Жените се луди.

Разликата е во тоа што повеќето жени сакаат да го испланираат денот и сè да им се случува според нивната замисла. Од друга страна постојат мажи постојат мажи кои се или бавни или сè прават набрзина.

Издвоени се 10 најчести женски реакции поради кои мажите ги сметаат за луди, со објаснувања зошто сите тие работи се всушност нормални.

1. Добро сум, а всушност не сум

Зошто жените го прават тоа: Едноставно, не сакаат да го раздолжуваат разговорот за своите емоции, бидејќи мажот секако не би ги разбрал. Со одговорот „Добро сум“, ја чуваат енергијата, не вложуваат непотребен труд и избегнуваат влошување на ситуацијата.

Зошто е тоа нормално: Затоа што им прават услуга на мажите, да не дојде до поголема кавга, која никому не му е потребна.

Зошто мажите мислат дека се луди: Тие знаат кога жените не се добри, но мислат дека само ги наведуваат за постојано да ги прашуваат што не е во ред, иако тоа се моменти кога тие само сакаат простор за себе.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-2.jpg


2. Салата за вечера

Зошто жените го прават тоа: Затоа што се здрави личности си самоконтрола, па не сакаат да си легнат со подуен стомак.

Зошто е тоа нормално: Тоа не е нешто што го прифатиле како дел од животот туку треба мажите да им бидат благодарни.

Зошто мажите мислат дека се луди: Мислат дека жените тоа го прават за да не изгледаат ненаситно пред нив и за да останат гладни и нервозни.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-3.jpg


3. Подготвувањето трае вечно

Зошто жените го прават тоа: Бидејќи нема друг начин

Зошто е тоа нормално: Затоа што ни жените не уживаат жешкиот воздух од фенот да им дува во главата 40 минути, но долгата, густа коса го бара тоа. Зар не би сакале и тие да бидат готови за 10 минути, ако е возможно.

Зошто мажите мислат дека се луди: Тие имаат по 3 sm коса и подготвени се за 1 минута. Не мора да го држат фенот, па фигарото, па пресата за да направат фризура. Додека не се принудени на такво нешто нема да разберат.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-4.jpg


4. Цела плата ја трошат на шминки

Зошто жените го прават тоа: Затоа што мора да внимаваат што ставаат на лицето. Поквалитетните производи се поскапи.

Зошто е тоа нормално: За да изгледа нормално лицето потребни му се минимум неколку производи како крема, коректор, пудра, руменило, моливче, маскара, кармин.

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што сè што не е наменето за нив им изгледа лудо.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-5.jpg


5. Во тоалет со другарка

Зошто жените го прават тоа: Некој мора да потврди дека се во ред косата, облеката и шминката. Исто така, треба некој да ни ја држи чантата.

Зошто е тоа нормално: Затоа што не им паѓа на памет новата чанта да ја остават на подот или да ја допираат по плочките на јавните тоалети.

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што кога мажите одат во тоалет, одат само за една работа и не прават ништо од тоа што го прават жените и за кое им треба помош или поддршка.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-6.jpg


6. Јадат кога се тажни

Зошто жените го прават тоа: Затоа што физичкото насилство не е дозволено за исфрлање на негативната енергија.

Зошто е тоа нормално: Бидејќи се прегладнети од диетите кои ги држеле само за да изгледаат попривлечно

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што за нив е понормално физичкото насилство.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-7.jpg


7. Следење на социјалните мрежи

Зошто жените го прават тоа: За да ги следат новите трендови и за да видат дали новата девојка на бившиот е подобра од нив

Зошто е тоа нормално: Затоа што сите тоа го прават, само жените признаваат, а мажите не.

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што отворено разговараме за тоа.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-8.jpg


8. Те сакам, ама те озборувам

Зошто жените го прават тоа: Затоа што е нормално и некој што го сакаат да ги налути, па мора тоа да го исфрлат од себе и да го раскажат за да се ослободат од бесот.

Зошто е тоа нормално: Бидејќи е полесно од тоа да испијат неколку литри алкохол и да му кажат сè на шанкерот.

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што не можат да се замислат себе да го прават истото.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-9.jpg


9. Десет пара црни чевли кои се согласуваат со 10 црни фустани

Зошто жените го прават тоа: Затоа што црните работи никогаш не може да бидат премногу.

Зошто е тоа нормално: Не се сите парчиња исти и мора да ги имаат во различни стилски комбинации

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што не разбираат дека е можно да се потребни 10 верзии од едно нешто.

zenski-recnik-so-objasnuvanje-poradi-ovie-raboti-mazite-gi-smetaat-zenite-za-ludi-10.jpg


10. Трошење илјадници денари за еден моден додаток, што е помал и од долната облека

Зошто жените го прават тоа: Затоа што ја сакаат модата

Зошто е тоа нормално: Затоа што ја сакаат модата

Зошто мажите мислат дека се луди: Затоа што ја сакаат модата

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg