Навики на мажите, кои ги спречуваат во наоѓање на вистинската девојка

Ако сте во групата на мажи, кои никако не можат да си најдат девојка со која ќе изградат врска подолга барем од еден месец, тогаш со сигурност поседувате некоја од овие навики и мора да ги промените веднаш.

5-naviki-na-mazite-koi-gi-sprecuvaat-vo-naogjanjeto-na-vistinskata-1

Иако можеби ви се чинат како сосема нормални правила, но сепак овие работи ве држат чекор подалеку од здрава и сериозна врска.

Момци, не си го губете времето, вистинската девојка нема да ви „падне” од небо:

1. Имате само еден тип на жени кој ве привлекува

Ако ве привлекува само еден тип на жени, тогаш сигурно пропуштате многу вредни прилики. Нема да ви штети ако некогаш излезете со девојка со која немате премногу заедничко или пак, не го поседува она што го барате. Бидејќи, токму таа девојка може пријатно да ве изненади.

2. Потрага по совршенство

Излегувате со згодна, паметна и убава девојка, но по кратко време сепак прекинувате со неа, а тоа се случува бидејќи сте преокупирани со совршенството. Мора да сфатите дека секој има свои маани и доблести. Научете како да ги засакате туѓите маани.

3. Разговори за поранешни девојки

Мислите дека таа сака да знае за вашата поранешна девојка? Има причина зошто е таа поранешна и тоа нека остане ваша тајна. Не мора да раскажете за сите детали, за тоа дали сексот бил добар или лош, бидејќи девојките не сакаат да слушаат за тоа. Тие единствено сакаат вашето внимание и концентрација да биде насочено кон нив.

5-naviki-na-mazite-koi-gi-sprecuvaat-vo-naogjanjeto-na-vistinskata-2

4. Прерано за секс?

Упорно сакате да имате секс со девојката која штотуку сте ја запознале. Жените знаат кога мажите сакаат само една работа од нив, а тоа и не им се допаѓа премногу. Ако сакате да ве сметаат за несериозен, тогаш продолжете, но ако сте сигурни дека сакате да ја пронајдете вистинската жена на вашиот живот, тогаш почекајте и бидете трпеливи. Девојката сама ќе ви даде до знаење кога ќе биде подготвена за да ја однесе врската на повисоко ниво.

5. Тотално полудувате на состаноци

Толку сте нервозни што веќе не знаете што да кажете, па почнувате да зборувате сѐ што ќе ви падне на памет. Не треба да докажувате дека сте доволно добри за да излезете на втор состанок, туку пробајте да воспоставите поврзаност со другата личност. Вдишете длабоко и сфатете дека и девојката спроти вас е исто толку нервозна колку и вие. 

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg