Зошто е подобро да имате врска без чувства?

Конечно сте се ослободиле од бившиот партнер кој бил пречувствителен и ве манипулирал со тоа без вие да забележите и сега сте во потрага по нова, несериозна врска со личност која нема постојано да ве прашува дали ја сакате или не.

zosto-e-podorbo-da-imate-vrska-bez-cuvstva-1

Доколку не сакате повторно да згрешите во изборот одлучете се за врска во која ќе влезете без претходно развиени чувства. Бесчуствителноста на почетокот може да влијае позитивно врз вас и партнерот на овие начини:

Нема разговарање за чувства

Како би можел некој да зборува за чувства кои не постојат? Сите знаеме дека искажувањето на чувствата во врската не е баш најпријатно, но затоа овој проблем нема да постои доколку сте во ваква врска.

Ако во иднина се појават чувства, искажувајте ги преку дела, а не зборови.

Називот на врската нема да биде проблем

Наречете ја мување, секс врска или пак пријателство со поволности, на партнерот до вас тоа нема да му биде воопшто важно бидејќи се чувствува исто како и вас.

Никогаш нема да мора да се оправдувате

Каде беше? Со кого? Кога се врати? - се прашања кои никогаш нема да ги слушнете од бесчуствителната личност покрај вас.

Тоа ви оди во полза бидејќи никој не сака да биде испрашуван за неговите активности во секојдневието и постојано да се расправа за неважни работи.

zosto-e-podobro-da-imate-vrska-bez-cuvstva-2

 Правдањето нема да го добиете ниту од спротивната страна

Доколку се впуштите во ваква врска бидете свесни дека и другата страна исто како и вие има сопствен живот за кој не чувствува обврска да ви го раскажува секој детаљ во секое време, а вие нема да бидете приморани да се преправате дека слушате внимателно и со интерес.

Нема повици во два часот после полноќ

Ова е омилената придобивка од врската без чувства. Партнерот ќе знае дека ноќта е за одмор и добар сон, а не за проверка дали навистина спиете во својот кревет.

Сексот е одличен!

Поради тоа што и двајцата не чувствувате длабока обврзаност еден кон друг, сексот ќе биде одличен, а тоа е доволна причина која може да ве натера да започнете врска без чувства.

Сигурно ќе се колебате околу впуштањето во врска без претходно развиени чувства, но можеби тоа е опција која најмногу ви одговара после трагикомичното раскинување.

Доколку врската се развива нормално, чувствата сигурно ќе се појават, но нема да бидат претерано изразени, што ќе ве натера уште повеќе да чувствувате привлечност кон новиот партнер или партнерка.

zosto-e-podobro-da-imate-vrska-bez-cuvstva-3

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg