Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа

Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко говорот на телото нè „издава“ и може да открие што навистина мислиме за некоја личност.

pomalku-ochigledni-znaci-deka-ja-privlekuvate-lichnost-shto-vi-se-dopagja-01.jpg

Дури и кога пробуваме да го контролираме секое движење, емоциите што ги чувствуваме за некоја личност некогаш се посилни и нè тераат несвесно да правиме работи со кои ги разоткриваме.

Осум знаци дека ѝ се доаѓате на некоја личност, кои не се многу очигледни:

Пробува да ги отстрани физичките пречки помеѓу вас

Ако, на пример, седите еден до друг и помеѓу вас има перница, личноста на којашто ѝ се допаѓате ќе ја тргне перницата.

Обрнете внимание дали оваа личност секогаш пробува да ги отстрани предметите кои се наоѓаат помеѓу вас кои се како физичка пречка.

Ако го прави тоа, дефинитивно ѝ се допаѓате.

pomalku-ochigledni-znaci-deka-ja-privlekuvate-lichnost-shto-vi-se-dopagja-02.jpg

Го почитува вашиот личен простор

Иако оваа личност сака да биде во ваша близина, бидејќи ѝ се допаѓате, го почитува вашиот личен простор.

Сепак, можно е да се случи да ја доближи главата до вас додека разговарате, нежно да ве допре на раката и слично.

Обрнете внимание на стапалата

Ако сте во група со тројца или повеќе луѓе, обрнете внимание кон каде се свртени стапалата на соговорниците.

Неретко, кога сме со повеќе луѓе, несвесно ги вртиме стапалата кон личноста која ни се допаѓа најмногу.

pomalku-ochigledni-znaci-deka-ja-privlekuvate-lichnost-shto-vi-se-dopagja-03_copy.jpg

Ги крева веѓите додека зборувате

Ова е мал гест кој лесно може да биде превиден.

Ако личноста малку ги крева веѓите кога ќе ве виде или кога зборува со вас, голема е веројатноста да ѝ се допаѓате.

Внимава на држењето на телото покрај вас

Веројатно и самите имате забележано дека кога сте покрај личност што ви се допаѓа, пробувате да го држите телото исправено.

Скоро сите го правиме ова, некогаш и несвесно, обидувајќи се да изгледаме подобро во очите на личност што ни се допаѓа.

pomalku-ochigledni-znaci-deka-ja-privlekuvate-lichnost-shto-vi-se-dopagja-04.jpg

Обрнете внимание на одењето

Ако одите со оваа личност, обрнете внимание како се движи во однос на вас.

Доколку брза и се движи малку пред вас, најверојатно не ѝ се допаѓате.

Но, доколку се труди постојано да се движи покрај вас и со исто темпо како вашето, голема е веројатноста да ѝ се допаѓате.

pomalku-ochigledni-znaci-deka-ja-privlekuvate-lichnost-shto-vi-se-dopagja-05.jpg

Често трепкање

Кога разговараме со личност што ни се допаѓа, несвесно трепкаме почесто поради возбудата што ја чувствуваме.

Обрнете внимание на положбата на рацете

Кога маж зборува со жена што му се допаѓа, несвесно пробува да ја покаже својата ранливост.

Обично, мажите го прават ова така што ги поставуваат рацете на колковите.

Доколку ги прекрсти рацете, тогаш изгледа како да зазема одбранбен став и најверојатно не му се допаѓате.

Истото важи и доколку ги стави рацете во џебовите.

pomalku-ochigledni-znaci-deka-ja-privlekuvate-lichnost-shto-vi-se-dopagja-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Што се случува со телото ако долго време немате секс? Висок крвен притисок и зголемен ризик од еректилна дисфункција – постојат неколк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg