Не дозволувајте партнерот да ве понижува: 5 ставови кои секоја жена треба да ги има во врската

Затоа што љубовната врска не би требало да претставува товар и измачување, добро би било да се освестите на време и да не подлегнете на манипулацијата од страна на партнерот.

ne-dozvoluvajte-partnerot-da-ve-ponizuva-5-stavovi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-ima-vo-vrskata-01.jpg

Голем број на жени во еден момент од животот се прашуваат како стигнале до сите навреди и нивно премолчување, додека партнерот обожава да ги понижува.

За да не се најдете во оваа ситуација, почесто користете ги овие реченици, без трошка страв.

1. Ова не ми одговара

Компромисите вредат злато, но само ако не се однесуваат на вашето здравје, системот на вредности или на работите заради кои се чувствувате непријатно. Целта на компромисот не е едната страна да ужива, а другата да трпи. Ако се плашите дека со оваа изјава може да го изгубите партнерот, подобро е да ја прекинете врската. Тој секогаш би требало да се согласи со она што едноставно не ви одговара.


2. Сè е во ред, и ова ќе помине

Без оглед дали се каете што бевте љубовница на друг маж, тагувате затоа што партнерот ве остави за друга жена или едноставно сте депресивни затоа што бившиот е во врска со вашата некогашна „пријателка,“ разберете дека сè поминува. Чувствата не се разумни, па најдобро што можете да направите е да се помирите со нив и да ги признаете.


3. Не треба да разговараш така со мене

За жал, секоја личност се однесува толку лошо колку што другата страна ќе дозволи, посебно во долгите врски кога партнерот се смета за сигурна опција. Навредите, исмејувањето и извртувањето на зборовите е нешто што никогаш не смее да си го дозволите. Ако веќе дојде до тоа, јасно кажете дека тој начин на комуникација не го толерирате.


4. Размисли дали проблемот е во мене

Се гледате со човек кој кажува дека ве сака, но и понатаму флертува со други девојки и тврди дека не е тип за врска? Престанете да ја барате кривицата во вас! Ништо не може да го промени човекот освен сопствената желба, па затоа ако некогаш се доведете во дебата од овој тип, заземете цврст став околу тоа дека проблемот не е во вас. Никогаш не дозволувајте понижување од човек кој не ве почитува.


5. Сакам да разговараме

Секогаш има простор и време за искрен разговор. Во спротивно, секоја лутина и молчење може лесно да се одложува и продлабочува, додека ситуацијата не го доживее врвот. Во секоја здрава врска двете страни го кажуваат она што го мислат, без навреди и понижувања.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg