Како да ја преживеете првата средба со бившиот?

Знаете дека некогаш ќе се сретнете, па дури и ако мислите дека сте потполно подготвени за соочување, во повеќето случаи првото сретнување по раскинувањето знае да биде чуден и непријатен.

kako-da-go-preziveete-prvoto-sretnuvanje-po-raskinuvanjeto-so-bivsiot-01.jpg

Еве како да го преживеете без преголем стрес:

Не мора да се сретнете

Секогаш имајте на ум дека е во ред да го игнорирате бившиот ако го видите и помислите дека не сте подготвени за сретнување. Само внимавајте тој да не ве забележи. Ако можете да си заминете пред да ве улови со поглед, направете го тоа без многу размислување.


Не се трудете премногу

Бидете смирени и не нагласувајте колку ви е супер откако не сте заедно. Кратко поразговарајте, слушајте ако има нешто да ви каже и тргнете по својот пат. Ако се задржите предолго, ризикувате да навлезете подлабоко во проблемот.


Бидете љубезни

Ако е со нова девојка, бидете љубезни и однесувајте се нормално, а не како таа да ви пречи. Сепак, не претерувајте со воодушевувањето, затоа што лажните комплименти секогаш се познаваат.


Треба да си отидете први

Најдобро е ако вие го иницирате заминување и кажете дека некаде брзате, затоа што само така ќе делувате дека достоинствено сте ја поднеле разделбата, и покрај тоа што срцето ви се кине заради повторното сретнување.

Би можело да ве интересира:

6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg