12 секојдневни навики на среќните парови

Како на некои парови им успева да се постојано среќни и расположени? Како успеваат да изгледаат заљубено иако со години се заедно? Која е нивната тајна?

12-sekojdnevni-naviki-na-sreknite-parovi-01.jpg

Ова се 12-те одговори на луѓе кои се наоѓаат во среќна и исполнета врска.

Понекогаш, работите се многу поедноставни отколку што мислевте...

1. Среќните парови делат ритуали

„Пред спиење на момчето му мачкам крема против подочници. На почеток се бунеше, ама сега самиот ми бара. Тој пак, секој ден наоѓа песна која го расположува и ми ја праќа со наслов песна на денот. Секогаш ме смее, а понекогаш и расплакува. Ова го прави откако ја започнавме врската и трае до ден денес. Понекогаш и јас му испраќам, но не се добри како неговите.“


2. Комплименти

„Барем еднаш дневно му кажувам колку добро изгледа. И секој пат кога го кажувам тоа, се колнам дека можам да видам среќа во неговите очи.“


3. Допири

„Паровите би требало да одвојат по 5 минути наутро и навечер за да се допрат. Прегрнете се пред работа, бакнете се навечер, држете се за рака додека гледате телевизија...“


4. Бакнежи

„Секое утро одам на работа пред мојот вереник. И секогаш го имаме истиот ритуал: Кога ќе стигнам до вратата ми вели почекај, дотрчува до мене, ми кажува колку прекрасно изгледам и ме бакнува малку подолго од вообичаено. Никогаш не излегуваме од дома без бакнеж.“


5. Мали гестови

„Пред да си легнеме, тој што ќе оди прв во тоалет ја подготвува четката со паста за другиот. Тоа е симпатичен гест. Тогаш знаеш дека животот го делиш со човек што се грижи за тебе.“


6. Приказни пред спиење

„Секоја вечер, колку и да сме изморени, знаеме да си раскажеме како ни поминал денот. Тоа е нашиот посебен момент кој го цениме затоа што сме свесни дека поминуваме квалитетно време еден со друг.“


7. Искрено благодарам

„И двајцата сме зависни од кариерите и си ги сакаме работите. Сепак, наоѓам време секој ден да подготвам ручек, а тој пронаоѓа време да се заблагодари за она што го правам. Без многу дискусија, благодарноста е клучна во заедничкиот живот.“

12-sekojdnevni-naviki-na-sreknite-parovi-02.jpg

8. Меѓусебно разгалување

„Додека повеќето парови се расправаат околу тоа кој ќе го фрли ѓубрето и се натпреваруваат околу тоа кој подобро ќе ја избегне одговорноста, ние се натпреваруваме кој ќе биде подобар. Така кога тој ќе го фрли ѓубрето, јас ќе ги измијам садовите. Сега сме позаљубени од кога имавме 22 години.“


9. Радувајте се еден на друг

„Бидете среќни кога ќе го видите партнерот. Премногу луѓе дозволуваат грижите да им го одвлечат вниманието, па партнерот да стане емоционална канта во која може да го исфрлите она што не ви е по желба. На почетокот радувањето може да ви делува исфорсирано, но ќе забележите дека оваа ситница ќе ја промени динамиката на вашата врска.“


10. Шетање

„Сакам кога шетаме заедно и се трудиме да одвоиме барем 10 минути за тоа. Добро е кога имаме куче кое нè мотивира. Вечерните прошетки посебно ни помагаат за да се ослободиме од стресот.“


11. Започнете го денот како што треба

„Тој секогаш ми носи кафе во кревет. Со оглед на тоа што работам од дома, често знам и сакам да го испратам до неговото работно место, за да поминеме повеќе време заедно.“


12. Пораки

„Мојот вереник е одличен со зборови, па често ми праќа пораки кои ме воодушевуваат. Сите понекогаш забораваме на ваквите ситници, но тие се знак дека мислите на другиот партнер. Малите гестови обично завршуваат со големи награди, тоа е непишано правило.“

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg