Имав 19 години, а тој 38. Ова е нашата приказна

Беше понеделник. Мојот татко ми се јави и ми кажа да побрзам дома. Стигнав најбрзо што можев, мислев дека баба ми починала.

imav-19-godini-a-toj-38-ova-e-nasata-prikazna-01.jpg

Кога стигнав, видов полициски автомобил паркиран во дворот. Влегов дома преплашена, а мојот татко ме седна на троседот. Ми соопшти вест што не сакав да ја слушнам.

Си посегнал по пиштолот и куршумот завршил во твојата глава. Во твојот дом. Во домот што ти и твојата сопруга го делевте. Бев таму, еднаш. Се сеќавам, имаше цртежи од вашата ќерка на сите ѕидови. Беше топло и пријатно, идеален семеен дом.

Те запознав на една бензинска во прилично тежок период од мојот живот. Разменивме броеви. Јас имав 19, ти 38 години. Почнавме да се гледаме и покрај разликата во годините.

Започнавме да ги споделуваме најтемните и најтешки тајни. Еден ден ми соопшти дека твојата ќерка починала од рак со кој долго време се борела. Имаше уште една ќерка, но таа како да не постоеше заради смртта на другата. Не можеше да ја преболиш.

Добро се согласувавме затоа што и двајцата сакавме да си ги удавиме маките во апчиња за опуштање. Ме однесе кај една средовечна жена која ни продаде неколку апчиња во кои уживавме со денови.

Дури изнајми и стан во близина на мојот дом, па често пати минувавме цели денови и вечери таму.

Лежев до тебе и ти ја видов тетоважата над срцето. Таму беше истетовирано нејзиното име, името на твојата почината ќерка. Како што поминував со прстите врз линиите, можев да ја почувствувам болката за загубеното дете.

Знаев колку тажно и изгубено се чувствуваш. Сакав да ти помогнам, но не знаев како.

Наскоро твојата сопруга ја откри нашата афера. Дојде во станот додека ти беше на работа. Ми се закани дека ако не те оставам сето ова ќе заврши лошо за мене. Се обидов да и ја објаснам ситуацијата, но таа беше бесна. По многубројните закани замина.

Ти ја раскажав случката, а ти имаше само еден одговор: Разводот е во процес. Верував, но бев толку млада и наивна.

Започнавме да се оддалечуваме, делумно затоа што заканите на твојата сопруга ме преплашија. Знаев дека ова што се случува не е правилно.

Започнав да се гледам со ново момче, на моја возраст. Кога работите почнаа да се смируваат, ми се јави. Ме праша каде сум и се појави на мојата врата за неколку секунди.

Тропаше толку силно што самиот звук ме преплаши. Отворив, но молчев. Само што ме виде, ми ги побара апчињата за смирување кои останаа кај мене. Ти ги подадов тивко и без збор. Замина.

После неколку денови дојдов во твојот стан. По половина час чекање пред вратата, конечно ми отвори. Видов како посегаш по пиштолот и го впери во мојата глава. Не знаев зошто, но знаев дека нешто не е во ред.

Плачев, се тресев, толку силно и преплашено. Се свртев, ја отворив вратата и си заминав.

Тогаш се сетив дека погледот ти е заматен од апчињата кои ти ги подадов и уште којзнае што друго. Но, немав сила да се вратам.

Набрзо добив неколку пораки за извинување. Следуваа и повици на кои решив дека нема да одговорам.

Неколку дена подоцна, реши да си го одземеш животот со истиот пиштол кој го насочи во мојата глава.

Се срамам од она што го направив, но никогаш нема да се покаам за тоа што се грижев за тебе и сакав да бидеш во моја близина. Времето кое го поминав со тебе значеше многу. Тоа време ме зајакна.

6 години подоцна, го живеам животот со полни гради.

Чиста сум, среќна и во здрава врска со човек кој сигурно ќе ти се допаднеше.

Сепак, често ми минуваш низ главава. Не можам, а да не се прашам, зарем не можев некако да ти помогнам?

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg