10 причини зошто треба секоја ноќ да водите љубов со сопругот

Сексот е лепилото кое го држи бракот, покрај љубовта, но двојките понекогаш поминуваат и со недели заборавајќи да се допрат и бакнат.

10-pricini-zosto-sekoja-vecer-treba-da-vodite-ljubov-so-soprugot-1-

Заборавете на заморот, празните изговори и главоболките и погледнете зошто секоја ноќ треба да водите љубов со својот сопруг:

1. Потсетете се себе дека сте жена

Да се биде мајка, значи цело време да имате дамки од храна, да чистите, пеглате, готвите, да менувате пелени, но вие сте многу повеќе од само учителка, готвачка или хигеничарка. Потсетете се себе дека сте жена и дека сте прекрасна личност, која одлично се бакнува, а особено кога ќе се најде во допир со личност која ја обожава.


2. Дајте му до знаење дека го сакате

Ако сакате вашиот сопруг да се однесува како маж, тогаш третирајте го на таков начин. Мажите се едноставни. Доволно е да направите вечера или да ја порачате и да му се заблагодарите за сѐ што прави за семејството. Дочекајте го една ноќ самa и голa на креветот, а после неколку недели поминати со секојдневен секс, ќе се запрашате зошто воопшто апстиниравте од тоа задоволство.


3. Неколку часа само за вас

Во текот на денот неопходни ви се неколку часа кои ќе ги посветите само за вас двајца. Се сеќавате на момчето кое ви го украде срцето и кое толку се трудеше да ве насмее на љубовните состаноци? Тој е сѐ уште тука и сѐ уште ве сака исто како некогаш. Потсетете се дека заедно сте тим кој одлично функционира и откога ќе ги заспиете децата, пронајдете ја таа искра и одново запалете ја страста.


4. Ослободете се од стресот

Сексот ослободува од стрес, а зарем треба уште да се објаснува? Мајките се соочуваат со огромен стрес, а сега имате како и да се ослободите од него.


5. Млади и свежи

Секојдневниот секс ќе ве направи да изгледате многу помлади и секој ден ќе се будите свежи и насмеани, подготвени за нови предизвици. Наместо да трошите илјадници на разни препарати за подмладување истрошете ја енергијата во спалната соба.


6. Лекувајте ја главоболката со секс

Ако до сега изговорот ви беше главоболка, од сега неа лекувајте ја со помош на сексот. Сите болки кои ги чувствувате на телото од прекумерната работа и грижа околу децата ќе ги заборавите со малку галење од страна на сопругот.


7. Подготвени за напорниот ден

Наместо да си легнувате порано и да избегнувате секс, само затоа што изутрина ве чека напорен ден - поместете го распоредот за спиење и едноставно имајте секс. Ќе бидете благодарни за малата авантура во спалната соба, поради која следниот ден ќе биде одморени и ќе го започнете денот со позитивна енергија.


8. Подобар сон

Ако имате мало бебе, сигурно го користите секој слободен час за да се одморите и да заспиете, а најмалку мислите на тоа да имате секс со сопругот. Но, со редовниот секс добивате и поквалитетен сон. Затоа секоја ноќ уживајте во интимните моменти со партнерот, а потоа во длабокиот сон кој го заслуживте.


9. Тело во топ форма

Ако неодамна се породивте, ова е уште една причина заради која сигурно веднаш ќе сакате да се фрлите во кревет со партнерот. После породувањето, телото многу потешко се враќа во нормала, а и која мајка има толку време за физичка активност? Добра вест е тоа што водењето љубов функционира како физичка активност. Во текот на сексот се согоруваат многу калории и се затегнуваат мускулите на телото.


10. Забавно е

Навистина. Зошто да ги одбегнувате добрите и забавни работи? Заслуживте да се забавувате. Затоа, вечер кога ќе ги заспиете децата, оставете ги валканите садови (може да почекаат) и одведете го сопругот во кревет. Потсетете го дека е навистина среќник што има жена како вас!

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg