Љубов или измачување: Правите разлика?

Ако се обидувате постојано нешто да си објасните себе и на својот партнер, тоа се веќе првите знаци дека имате некаков проблем во врската.

ljubov-ili-izmacuvanje-ja-znaete-li-razlikata-01

По секојдневното објаснување и недоразбирање помеѓу партнерите за сè има место освен за искрена насмевка и страст. Ако тој веќе не е оној покрај кој може да се смеете, не ве разбира, тогаш веќе не се работи за криза, туку  тешки моменти, лоши навики и залудна надеж.

Љубовта не треба да се поткрепува со лажна страст и вештачка насмевка.

Кога ќе сфатите дека веќе ништо не функционира, тогаш почнува пеколот. Зошто?

Навика  и имагинација. Кога веќе забележувате дека нешто почнува да се распаѓа и има проблем кој не сте успеале да го решите, нема потреба да се залажувате и да се надевате дека нешто ќе се промени, додека вие живеете во секојдневен пекол.

ljubov-ili-izmacuvanje-ja-znaete-li-razlikata-1

Во љубовта не постојат виновници. Партнерите се сакаат додека можат и додека уживаат во тоа. Нема солзи, нема патење. Штом почне тоа, љубовта се распаѓа. Нема потреба да се измачувате и да чувате вештачка љубов. Побарајте нов партнер, нова љубов, нова среќа. Сакајте се себе и бидете она што сакате да бидете.

Доколку успеете да ги надминете тензиите, обвинувањата, кукањето и патењето, ако прифатите дека најдобар крај е оној кој навистина доаѓа на крајот, ќе успеете да го надминете непријатното искуство на вистински начин.

Тоа е оној кога, без разлика колкава потреба чувствувате за невозможното помирување, ќе ја прекинете таа агонија, ќе го запаметите само убавото и ќе продолжите понатаму.

На крај, кога ќе го направите сето ова, кое воопшто не е лесно, но не е ни невозможно, сетете се дека љубовта постои само тогаш кога се смеете, разбирате и се радувате со својот партнер.

Многу работи во животот не можат да се добијат по секоја цена, особено не љубовта.

ljubov-ili-izmacuvanje-ja-znaete-li-razlikata-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg