4 девојки се снимале за време на секс и тоа изгледало вака

Кога ќе пронајдат партнер на кој му веруваат, жените се подготвени да пробаат многу ризични работи во креветот.

4-devojki-se-snimale-za-vreme-na-seks-i-toa-izgledalo-vaka-01.jpg

Овие 4 жени решиле да направат „домашно видео“ и да го раскажат своето искуство.

Зошто се одлучи на тој чекор?

- И со бившиот партнер направив неколку видеа (кои стојат кај мене, за секој случај) а едно направив со сегашниот. За разлика од првиот пат, сега ми беше полесно затоа што му верувам. Сè се случи спонтано. Требаше да одам на обична вечера кај него, но работите добија поинаков правец уште кога го соблеков палтото. За време на предиграта тој го извади телефонот и почна да снима. И уживав во тоа - Тереза (35)

- Долго бев во врска на далечина, па после 2 месеци без да се видиме, тоа ни изгледаше како добра идеја. Не дека нешто планиравме, но решивме да пробаме. И на двајцата ни се допадна, затоа што не мислам дека е нешто страшно - Лорен (24)

- Своето прво домашно видео го направив со својот прв дечко, сегашен сопруг, и тоа се случи во најстрасниот момент. Јас бев доле, а тој го подигна телефонот и ме праша дали може да снима - Кристи (25)

- Во мојата тогашна врска ми стана малку досадно и сакавме да ги зачиниме работите. Некако започнавме да разговараме за порно филмови и него му падна на памет да направиме еден. Од прво не ми се допадна идејата, но по некоја година кога потполно му верував, решив да се согласам - Џенифер (27)


Снимање

- Знаев дека секое мое движење и секој звук ќе бидат снимени и гледани и затоа се чувствував неверојатно секси. Тогаш за прв пат не го вовлекував стомакот кога ме бакнуваше. Во еден момент престана да снима, ми даде да ѕирнам неколку секунди, а потоа го продолживме сексот. Беше неверојатно! Снимката изгледаше одлично, па самодовербата ми скокна до максимум - Тереза

- Подолго ја местевме камерата отколку што снимавме. Сексот беше вообичаен, но фактот дека се снимате ве прави малку повнимателни, па се грижев за секое мое и негово движење. Тоа беше единствената разлика - Лорен

- Се чувствував како да правам нешто опасно. Толку се трудев да изгледа секси, што неколку пати го повредив. Се трудев премногу па изгледа затоа изгледаше вештачки. Многу ми е попријатно без камера - Кристи

- Беше возбудливо, на некој чуден начин, затоа што постојано мислев дека некој не гледа. Обично се смееме и се шегуваме за време на сексот, но сега бевме посебно тивки. На почетокот пробувавме чудни пози, но решивме да пробаме малку поприродно. Во суштина, помина океј - Џенифер


По снимањето

- Позитивно ме изненади што се беше интимно. Дефинитивно ова не беше глупава одлука за чии последици ќе се каам. Направивме нешто заедно и заедно уживавме во тоа - Тереза

- Кога ја пуштивме снимката, зажаливме што се снимавме. Ни беше срам од самите себе. Освен тоа, видовме неколку лоши алги. Го изгледавме до половина, а потоа го избришавме. Се смеевме на самите себеси и мислам дека веќе нема да се снимаме - Лорен

- Прв пат кога ја гледав снимката ми беше чудно што се гледав себеси. Кога направивме уште неколку, сепак бев импресионирана од она што го правевме. Затоа ја задржавме секоја која ја направивме. Мојот сопруг не сакаше да ги избришеме - Кристи

- Ја изгледавме снимката, но беше ужасна. Првите 10 минути изгледавме добро, но следните 20 бевме во мисионерска и не беше ни малку забавно. Во порно филмовите изгледаат совршено, затоа што знаат трикови. Нашето видео не беше ни приближно секси, затоа го избришав - Џенифер


Какво е вашето искуство на оваа тема?

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Бон-тон правила во сексот, што секој културен маж треба да ги знае (18+) Не избрзувајте да ги покажете сопствените вештини, бидете искрени за тоа што ви ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg