Ако си ранлива не значи дека си слаба! 4 лекции кои ги научив откако се заљубив повторно

Никој не сака да учи лекции на туѓите грешки иако постојат милиони совети за тоа дека паметните учат на туѓи грешки, а глупавите на свои.

ako-si-ranliva-ne-znaci-deka-si-slaba-4-lekcii-koi-gi-nauciv-otkako-se-zaljubiv-povtorno-1

Ова се 4-те лекции за љубовта кои јас ги научив на своја кожа откако се заљубив повторно!

1. Љубовта секогаш заслужува шанса

Секој кога еднаш ќе се изгори на млекото, дува и на јогуртот, тоа е добро познато, но не треба истото  да се применува во љубовта.

Кога една љубов завршува, наредната заслужува шанса дадена од срце бидејќи само тие што љубат вистински знаат дека љубовта секогаш заслужува шанса без разлика колку и да се плашиме дека ќе нè повредат.

2. Љубовта и среќата одат заедно во пакет

Не можеш да бидеш среќен, ако не љубиш, како што не можеш да љубиш, ако не си среќен. Тоа покажува дека љубовта и среќата одат во пакет.

Не влегувајте во врска кога сте несреќни само за да пронајдете среќа и љубов. Кога ќе ја пронајдете љубовта, среќата сама ќе дојде!


3. Давај, но не очекувај за возврат

Ако давате и не очекувате за возврат, кога се чувствувате слободно, а љубовта е вистинска само доколку ве прави да се чувствувате слободно иако сте во врска. Тоа што е ваше само ќе чукне на вашата врата, а тоа што не е само ќе излезе од неа.


4. Ако си ранлива не значи дека си слаба!

Отворете го срцето за нова љубов, без разлика колку и да сте биле повредени претходно. Можеби личноста пред вас е таа што ќе ги залечи вашите рани на начин на кој што тоа никој досега не го направил.

Бидете ранливи, тоа не значи дека сте слаби, значи дека сте доволно силни за да сакате повторно!

ako-si-ranliva-ne-znaci-deka-si-slaba-4-lekcii-koi-gi-nauciv-otkako-se-zaljubiv-povtorno-2

Што научивте вие откако се заљубивте повторно?

Би можело да ве интересира:

„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg