Зошто ви се јавува кога е пијан?

Во време кога речиси целосно се израмнија жените со мажите, некои од нив можеби и по малку се каат. Некои би сакале да останат домаќинки кои се грижат за домот и семејството, но тоа е некаде далеку, скоро заборавено.

zosto-vi-se-javuva-koga-e-pijan-01

Сега за сега жените застануваат рамо до рамо со мажите. Она што во минатото за пофалба било да се биде добра домаќинка, тоа денес претставуваат храбрите жени кои можат да бидат и лидерки и уметнички и самохрани мајки. Можат и мораат.

Понекогаш се вртат да ги почекаат своите партнери, се враќаат по нив и ги туркаат со сета сила кога ќе заглават, но ако не успеат, продолжуваат сами.

Мажите не можат да напредуваат сами. Потребен им е женскиот еволутивен мотор, силата на волјата, очекувањата, обврските и сето тоа зачинето со моќта на љубовта и сексот.

Потребни им се како леб и воздух, а тоа ги нервира ужасно. Особено кога ќе останат гладни и без здив, кога ќе откријат дека другиот леб е тегав, а воздухот застоен, кога ќе сфатат дека ве изгубиле или дека се во опасност да ве изгубат.

Но, не, тие не мислат на тоа кога треба, туку пробуваат сето тоа да го протнат во мрачниот сеф на нивната глава. Имаат потреба да заборават, мислат дека можат да избегаат, дека не се грижат за ништо.

Потоа почнуваат да сакаат да се опуштат, да заборават и да се ослободат. Но, наместо тоа, наместо забава, ги преплавува вистината. Целиот испиен алкохол со секоја песна почнува да испарува од него како зборови и спомени од кои не може да избега, затоа што ги носи во себе.

Но, не останува само на тоа. Тука е и телефонот кој во таква состојба дури и како самиот да ви го врти бројот.

zosto-vi-se-javuva-koga-e-pijan-2.jpg

Не е важно што е 3 часот наутро, што одамна имате друго момче, што по последната караница ви се чинеше дека никогаш нема да прозборите.

Тој мора да ја искористи ситуацијата во која се ослободуваат неговите чувства, бидејќи иако можеби утре нема да се сеќава што кажал, самиот потег ќе остане забележан во некој дел од мозокот.

Ќе сака да се пофали дека тој направил некаков чекор, се покајал, не исчезнал, тој можеби истовремено се срами и е горд на себе, без разлика како вие се чувствувате.

Тоа е систем на опстанок, противпожарен апарат, сигурносна комора, терапија.

Веројатно е вистина сè што ви кажал, но тоа не значи дека утредента кога ќе се отрезни нешто ќе му значи.

Можеби не се напил заради вас, но ви се јавил и ви го нарушил сонот, здравјето, односот со новото момче, заради себе.

Затоа ви се јавува кога е пијан. Заради себе. За себеси да се ослободи.

Колку и да ве сака, бара и опсипува со признанија, тој не се грижи за вас.

Утредента нема да се појави со цвеќе на врата, прстен, чоколадо. Нема да се извини и да каже дека и понатаму стои зад сè што кажал.

Ќе се повлече и ќе сака да глуми маж кој имал момент на слабост на кој не се сеќава, наместо да стане маж каков што на жените во овој луд свет им е потребен како леб, како воздух.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg