Го оставив тој што ме убедуваше дека не сум доволно добра за него и станав подобра од него!

Беше постар цела деценија од мене, но тоа не му даваше за право постојано да ме потценува и да ме убедува дека не сум доволно добра.

go-ostaviv-toj-sto-me-ubeduvase-deka-ne-sum-dovolno-dobra-za-nego-i-stanav-podobra-od-nego-2

Нормално е дека секогаш може да бидеш подобар од претходно, но кај него немаше претходно добро, секогаш беше лошо.

Ја мразеше мојата професија, го осудуваше мојот стајлинг, ме поправаше во говорот, ми кажуваше како не сум била компетентна за него, но сепак ме сакал и ќе се обидел да ме смени.

Не го менуваш тој што го сакаш си реков, но ништо не му реков нему.

Ги слушаше моите желби, соништа, цели...

Сè му се чинеше смешно, не постоеше подобро платена професија од неговата, не постоеше подобар вкус за облекување од неговиот и не постоеше некој што подобро би се изразил во секаква ситуација од тој сноб.

Беше тоа вечерта кога ме запозна со негов пријател и девојката на пријателот, отидовме заедно во ресторан на вечера која се претвори во расправија без зборови.

Келнерот ни пријде и нè праша што ќе се напиеме.

Јас сакав да се напијам ладно пиво во таа летна вечер, кое ќе ме освежи и расположи кога веќе тој што е до мене не може да го стори тоа.

Пиво за мене, реков, а тој ме погледна со широко отворени очи и засрамено нагризени усни кои се претворија во вештачка насмевка кога се сврти кон келнерот.

Ми ја стави раката на рамото и ми го стисна менувајќи го мојот избор од пиво на сортно вино по негов вкус.

Во тој момент се почувствував недоволно добра, но не за него, бев недоволно добра за себеси што дозволив да одлучува во мое име дури и што ќе пијам, не го повишив тонот, замолкнав.

Не го повиши ниту тој, се наведна кон моето уво и тивко ми шепна – „Пивото не ѝ доликува на една дама, а кога веќе ти не си дама, барем преправај се дека си!”

Во истиот момент се наведнав кон неговото уво и му возвратив – „За да бидам дама, покрај мене треба да има џентлмен, а кога веќе нема, заминувам да го барам на друго место, заедно ќе пиеме ладно пиво во летна вечер, наместо да се преправаме дека уживаме во тешко црвено вино кое на крај ќе ни предизвика киселини во стомакот, а богами и во срцето.”

Станав и си заминав без збор, му докажав нему и на неговите снобовски пријатели дека навистина не сум дама за нивни очи, но си докажав себеси дека сум достојна за почит и не заслужувам човек кој сака да ме промени, заслужувам личност која ќе ме прифати каква што сум, со сите свои маани и несовршености кои ме прават совршена.

По извесен период отворив своја фирма, ги остварив соништата и пронајдов вистински џентлмен кој ме научи што е вистинска љубов, го оставив тој што ме убедуваше дека не сум доволно добра и станав најдобра!

go-ostaviv-toj-sto-me-ubeduvase-deka-ne-sum-dovolno-dobra-za-nego-i-stanav-podobra-od-nego-3

Верувајте, моите успеси стигнаа до него, тивко му ги параа ушите на начин на кој тој секогаш тивко ми кажуваше дека нема да успеам и дека не бев доволно добра за него.

Сега тој не е доволно добар за мене, а можеше да биде најдобар држејќи ја за рака најдобрата!

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg