Водич за мажи: 5 начини да препознаете спонзоруша

Се сомневате дека некоја девојка е со вас само заради парите и подароците? Еве како можете на време да ја препознаете спонзорушата.

vodic-za-mazi-5-nacini-da-prepoznaete-sponzorusa-01.jpg

1. Основното правило на сите девојки кои се заљубени во пари

Не е лошо ако вашата партнерка е загрижена за вашата финансиска стабилност, посебно ако сте во долга врска и имате заеднички планови за иднината.

Но, главната разлика е што спонзорушите ќе ви се смеат и исмеваат кога ќе изгубите контрола на парите. Добрата девојка ги цени приходите, а спонзорушата смета дека врската може да опстои само ако имате доволно пари.


2. Спонзорушите не признаваат дека имаат проблем да си ги платат сопствените сметки

Разликата помеѓу спонзорушите и добрите девојки е како ги трошат сопствените пари. Ако нема каде да живее, а на себе има скап накит и чевли, веројатно има различни приоритети во животот. Или сепак оди во скапи ресторани, иако е во минус... А можеби и не заработила доволно за излегување со пријателките, па вие ги финансирате и тие излегувања?


3. Дали гледате благодарност и дарежливост?

По неколку состаноци, дали таа се понуди да ја плати сметката? Кога ќе ја платите вечерата или било што, дали се заблагодарува? Дали ви нуди помош на било кој начин? Ако одговорот е „не“, добро размислете до каква личност седите.


4. Прашања кои најчесто ги поставуваат на првиот состанок

Aко сте на прв состанок и слушнете некое вакво прашање, бегајте подалеку.

- Колку заработуваш годишно?

- Во каква куќа живееш?

- Каков автомобил возиш?

- Колку деца сакаш да имаш?


5. Тестирајте ja со овие прашања

- Кој е најдобриот подарок кој некогаш си го добила? Одговорот на ова прашање ќе ви откри колку ги вреднува (не)материјалните работи.

- Која е најголемата работа која си ја имала, а од која си морала да се откажеш? После ова лесно ќе откриете колку е подготвена да се жртвува.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg