Факти за неверството: Изневерувањето ви е во гените и обично се случува во среда

Колку и да не е оправдано, неверството отсекогаш било и ќе биде актуелно. Скриено или јавно тоа се случува насекаде околу нас, сакале да признаеме или не.

interesni-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-neverstvoto-001

За жал, сè поголем е бројот и на изневерени и на оние кои изневеруваат. Понекогаш тоа е „грешка“, но често знае да биде и вродено.

Ова се неколку интересни факти за неверството кои можеби не сте ги знаеле:

Можеби сте генетски предодредени да изневерувате

Ако сакате да изневерувате, можеби за тоа е виновна генетиката. Имено, истражувачите од еден универзитет откриле дека околу половина луѓе кои го имаат генот DRD4, познат како ген за возбуда, се склони кон промискуитет и неверство.


Жените мислат дека мажите со длабок глас повеќе сакаат да изневеруваат

Една студија покажала дека мажите кои имаат дебел глас не се верни. Истражувачи им пуштале машки гласови на жените, а тие одредувале за кои сметаат дека полесно изневеруваат. Поголемиот процент биле мажи со длабоки гласови.


Неверството ги зголемува шансите за да се скрши пенисот

Неверствата не го кршат само срцето на другиот партнер, туку кај мажите може и навистина да се скрши пенисот. Урологот Ендру Крамер студирал 16 случаи фрактури на пенис за кои биле потребни операции. Половина од нив признале дека го скршиле пенисот за време на афера со друга жена.


Мажите сепак сметаат дека сопругите им се попривлечни од љубовниците

Кога е неверството во прашање, не е сè во изгледот. Имено, новото истражување кое е спроведено над 4 илјади мажи, покажало дека повеќето од оние кои изневеруваат и понатаму сметаат дека сопругите им се попривлечни од љубовниците.

interesni-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-neverstvoto-1.jpg

Мажите кои изневеруваат се посклони на срцев удар

Една студија во Фиренца покажала дека изненадниот срцев удар е многу поверојатен кај мажите кои практикуваат сексуален однос и со сопругата и со љубовницата.


Жените ќе изневеруваат, ако и нивните мајки изневерувале

Од две илјади испитаници кои признале дека имале афера, дури 73 отсто, откриле дека и нивните мајки изневерувале.


И флертот се смета за неверство

Бидете внимателни ако сте во долга врска, бидејќи резултатите на една веб страница покажале дека 82 отсто од луѓето смета дека флертувањето може да се смета за еден вид обид за неверство.


Среда е најпопуларен ден за изневерување

Среда помеѓу 17 и 19 часот е најпопуларен термин за изневерување, судејќи според веб страницата за запознавање „Аshley Medison“.

interesni-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-neverstvoto-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg