Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот орган кај мажите?

Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде индикатор за големината на пенисот кај мажите. Сега, овие претпоставки се поткрепени и со научни сознанија. Прочитајте што откриле научниците...

kolkav-nos-tolkava-mashkost-dali-goleminata-na-nosot-navistina-ukazhuva-na-goleminata-na-poloviot-organ-kaj-mazhite-01.jpg

Мажите со поголеми носеви, најверојатно имаат и подолг полов орган. Според научниците, овие мажи најверојатно биле подолго изложени на повисоки нивоа на тестостерон во мајчината утроба, хормонот што игра главна улога во формирањето на носот и гениталиите кај момчињата.

Универзитетската болница Улсан во Јужна Кореја спровела истражување со кое биле потврдени јапонските студии од 2021-ва година, според која мажите што имаат нос со големина од 4,5cm во просек имале пенис со должина од 10cm (без ерекција).

kolkav-nos-tolkava-mashkost-dali-goleminata-na-nosot-navistina-ukazhuva-na-goleminata-na-poloviot-organ-kaj-mazhite-02.jpg

Но, оние што имаат нос поголем од 5,5cm имале пенис со средна големина од околу 13,4cm (без ерекција).

Според истото истражување што е објавено во Translational Andrology and Urology, мажите што имаат големи стапала, најчесто имаат позадебелен полов орган, заради тестостеронот, кој исто така има улога во креирањето на екстремитетите.

За последното истражување, научниците избрале 1.160 мажи на возраст во 30-тите години и им земале мерка на носевите и на половиот орган без ерекција. Мажите биле избрани од списокот на пациенти што ја посетиле Уролошката клиника во Кореја.

kolkav-nos-tolkava-mashkost-dali-goleminata-na-nosot-navistina-ukazhuva-na-goleminata-na-poloviot-organ-kaj-mazhite-03.jpg

Големината на носот била одредувана така што бил мерен просторот од аголот на окото до местото каде што завршува ноздрата, а им биле мерени и големината и обемот на половиот орган, висината, големината на стопалата и на дланките, како и нивото на тестостерон. 

Во основа, мажите со просечна големина на носот имале и полов орган со просечна големина, но кај мажите со поголем нос бил забележан и поголем полов орган.

„Големината на носот е важен индикатор на големината на пенисот, а дебелината на половиот орган се зголемува со зголемувањето на бројот на чевли“ – појасни д-р Сунгву Хонг, која била одговорна за истражувањето.

Прочитајте и Секс-мапа на светот: Во која земја мажите се најнадарени и на кое место се Македонците? (18+)

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg